Михаел Шумахер доби „нож во грб“ од своите

December 20, 2024
1 min read

Еден од најдобрите возачи на сите времиња, Германецот Михаел Шумахер, продолжува да привлекува големо внимание во јавноста. Поранешниот Формула 1 возач и негов брат, Ралф Шумахер, се огласи на социјалните мрежи и испрати многу остра порака до локалните политичари во Германија.

Имено, малиот град Керпен на западот на земјата, кој практично се смета за предградие на Келн, не го прогласи Михаел Шумахер за почесен граѓанин, што наиде на револт на Ралф.

Ова е сè што треба да знаете за Германија и нашите политичари, напиша Ралф Шумахер, лут на локалните лидери затоа што на неговиот брат не му беше дадена честа што веќе ја има во еден италијански и еден белгиски град.

Статус на почесен граѓанин на легендарниот возач на Формула 1 му доделија италијанскиот Маранело во 2006 година и белгиската Спа во 2019 година.

Во Керпен се повикуваат на локалните закони кои не ја признаваат „титулата“ на почесен граѓанин. Никој пред Михаел Шумахер не ја доби оваа чест, а политичарите во преден план посочуваат дека поранешниот светски шампион во Формула 1 е првиот жив човек по кого е именувана улица во ова место.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Почина фудбалската легенда Петко Петков-Шеки

Следно

Одбележување на Денот на наставата на турски јазик, ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop