Ирак врати 1.905 сириски војници во татковината

December 19, 2024
1 min read

Ирак денес објави дека вратил 1.905 сириски војници, кои побарале засолниште во земјата ден пред падот на режимот на Башар Асад, известува Анадолу.

Нивното оружје останало во Ирак, чекајќи пренос на новата сириска влада, кога таа ќе биде формирана, се вели во соопштението на ирачката Заедничка оперативна команда.

Во соопштението, објавено од официјалната ирачка новинска агенција (ИНА), се открива дека војниците, вклучително и офицери и персонал стационирани на граничниот премин Ал Букамал, неодамна побарале засолниште во Ирак.

„На 7 декември сирискиот воен персонал, вклучително и офицери, војници и стражари на преминот Ал Букамал, влегле во Ирак барајќи засолниште поради неодамнешните настани во Сирија“, се вели во соопштението.

Ирачките вооружени сили им дозволиле да влезат од хуманитарни причини откако добиле службено одобрение.

Башар Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, избегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внимавајте на овие патни правци, има густа магла

Следно

Средба Ердоган-Сиси: Турско-египетската солидарност е клучна за напорите за хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната
Go toTop