Тошковски за обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

December 19, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево се огласи на обвинувањата на СДСМ во врска со бегството на Артан Груби, по кој е распишана меѓународна потерница за случајот со Државна лотарија. Тој посочува дека МВР има видео запис за настанот, а на полицискиот службеник му е изречена суспензија.

-Благодарност до госпоѓа Кузевска и СДСМ за тоа што повторно покажаа дека единствено нешто кое што знаат и умеат да го прават е да ја лажат македонската јавност и македонските граѓани. Сите докази коишто се во насока на расветлување на случајот со излезот на лицето кое што сега е недостапно на органите на прогон и треба да се искористат во рамки на оваа постапка се обезбедени од страна на МВР, односно МВР поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција, наведува Тошковски во видеото објавено на неговата Фејсбук страница.

Додава дека против истиот наредниот ден се преземени сите истражни постапки и врз основа на истите е доставено известување до надлежното јавно обвинителство, а тоа е Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Во текот на денешниот ден по консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава која што ќе биде наредниот ден, односно утре поднесена до надлежното јавно обвинителство, информира Тошковски.

Исто така, додава, од страна на МВР е изречена суспензија во однос на предметното лице и исто така можам да потврдам дека ниту лично го познавам предметното лице, ниту лично сум потпишал или издал било каков акт во однос на неговото назначување за да работи во рамки на граничната полиција во Македонија.

-Жалам што навистина една партија која што себеси се нарекува за државотворна партија повторно ги брани нивните партнери, тоа се ДУИ, нели, и повторно покажува дека не работи во интерес на македонските граѓани, туку работи во лукративен интерес на нивните најблиски соработници коишто патем, еве слободно можам да кажам дека токму лицето кое што е недостапно на органите на прогон на времето, нели, кога беа во љубов изјавуваше дека тие биле едно. Епа дека тие се едно повторно докажуваат и потврдуваат со нивниот начин на однесување. Но, нека не се секираат, МВР ги има соодветните капацитети и покрај тоа што го оставија во фаза на швајцарско сирење и ќе си постапи согласно законите и согласно Уставот и секој еден којшто се огрешил ќе одговара пред лицето на правдата, наведува Тошковски.

За разлика од претходно, потсетува тој, кога крив беше пајакот, сега оној којшто сторил незаконитост има име и презиме и ќе биде изведен пред лицето на правдата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Годишна прес-конференција на Путин

Следно

Внимавајте, на овие патни правци има густа магла!

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Граѓаните што имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина во главната филијала во Битола, соопшти Народната банка. Исплатата
Go toTop