Експертизата и визијата се здружуваат – МЕРМС и ЗЛЕК, во акција за унапредување на енергетската ефикасност

December 19, 2024
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Здружението на лиценцирани енергетски контролори на Македонија (ЗЛЕК) потпишаа меморандум за соработка, кој отвора нови можности за поттикнување и унапредување на енергетската ефикасност во државата.

Целта е преку здружување на експертизата и институциите да се забрза унапредувањето на енергетската регулатива и стручна поддршка. Меморандумот предвидува активности како промоција на енергетска ефикасност, размена на информации, стручна и техничка поддршка, како и организирање на трибини, обуки и настани.

„Преку здружување на стручноста и ресурсите, ќе работиме на подобрување на законодавството и создавање конкретни придобивки за граѓаните. Ова партнерство е нашата посветеност кон поефикасна иднина.“ истакна министерката за енергетика Сања Божиновска.

Претседателката на ЗЛЕК, м-р Весна Неделковска, нагласи: „Соработката со Министерството ќе овозможи поефективно користење на нашето знаење и експертиза. Заедничките активности ќе придонесат за значајни чекори во афирмацијата на енергетската ефикасност.“

Здружението на лиценцирани енергетски контролори на Македонија (ЗЛЕК) е професионална организација која има цел промоција и унапредување на енергетската ефикасност преку обезбедување енергетските контроли да ги вршат соодветно обучени и овластени ревизори, релевантни за секој пазар. Обезбедуваат консултантски услуги, стручна анализа и помош во конкретни проекти поврзани со енергетската ефикасност.

Преку своите активности, ЗЛЕК придонесува кон подобрување на законодавната рамка, едукација на професионалците и јавноста, како и практична имплементација на мерки за енергетска ефикасност во Република Македонија.

Оваа соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини претставува значаен чекор кон зајакнување на енергетската ефикасност и одржливиот развој на енергетскиот сектор во земјата и ја поставува основата за иновативни пристапи во справувањето со енергетските предизвици.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Внимавајте, нова измама со СМС пораки – се преставуваат како „Македонски пошти“, па ги крадат податоците од платежни картички

Следно

Зеленски од Брисел: Украина мора повторно да смета на единството меѓу САД и Европа

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop