Митески: Аеродром аплицираше со девет проекти во вредност од 3,4 милиони евра одобрени од Владата, стартуваме со засилено темпо за нивно реализирање

December 19, 2024
1 min read

Во своето утринско гостување на телевизија 24, градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески најпрво издвои два од низата значајни проекти кои беа започнати од претходниот градоначалник Тимчо Муцунски. Тоа се доградбата на Основното училиште „Блаже Конески“ во вредност од двесте милиони денари, проект за кој веќе било изработено техничко решение и спроведена тендерска постапка, при што истиот отпочнал со реализација веднаш по неговото стапување на оваа функција и исто така доградба на детската градинка „Изворче“ во вредност од сто милиони денари, еден огромен и особено важен проект.

„Морам да кажам дека исклучително значаен проект, односно помош за општините од централната власт кој за прв пат се спроведува на ваков начин е да општините добијат директно средства за реализација на капитални инвестиции, за разлика од претходно кога се наградуваа оние недисциплинирани општини коишто за жал, не наплаќаа даноци и влегуваа во долгови“, вели Митески осврнувајќи се на унгарскиот кредит и средствата што на еден транспарентен начин ги добиваат локалните самоуправи како помош и поддршка за нивните проекти.

Тој појаснува дека Општина Аеродром аплицирала со девет проекти во вредност од 3.400.000 евра кои се веќе одобрени од Владата, а седум од нив веќе се тендерирани и е во крајна фаза самата тендерска постапка, додека пак за останатите два дополнително ќе следи тендерирање, но она што е најважно во овој случај е дека истите проекти се неопходни и побарани од самите граѓани.

„Ќе ги набројам поединечно, станува збор за реконструкција на улица Анастас Митрев во Мичурин, реконструкција на улица Милан Зeчар во стар Аеродром, реконструкција на тротоари на улица 23 Октомври, изградба на нов сквер или плоштад зад ТЦ Капитол, со што граѓаните ќе добијат еден комплетно уреден простор и ќе се чувствуваат пријатно, реконструкција односно обнова на плочници во Ново Лисиче, реконструкција на четири улици во населба Лисиче, проширување и доградба на мост помеѓу Горно и Долно Лисиче и изградба на нова водоводна мрежа на улица 2 во Ново Лисиче. Тоа се овие девет проекти со коишто аплициравме и за многу скоро од сега ќе почнеме со фактичка реализација на терен“, прецизира Митески.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ДУИ: Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и соработниците да размислат за нивната раздорна реторика

Следно

Израелски медиуми: Деталите од договорот за прекин на огнот со Хамас би можеле да бидат финализирани за неколку дена

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop