Експертите за КУРИР: Време е да нема недопирливи во Македонија, главен проблем за граѓаните е корупцијата

December 19, 2024
2 mins read

Ваквите акции на полицијата се за поздравување и одличен чекор во борбата против криминалот и корупцијата велат експертите од одбласта на безбедноста, ценат дека истите треба да продолжат и во иднина и конечно да дојде крај за недопирливи во Македонија.

Сите истражуванја на јавното мислење покажуваат дека главен пробем за македонските граѓани е токму корупцијата, а со тоа и т.н. криминал на белите околувратници. Бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата беше едно од главните предизборни верувања на сегашната Влада. И во оваа насока, Владата и МВР, но и другите институции задолжени за спроведување на законите, вели во изјава за Курир поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Најголем предизвик со кој се соочува Македонија, а кој е нотиран во сите извештаи на релеватни меѓународни организации, вклучитено и Европската Унија и Стејт Департментот, е високиот степен на корупција и недоволно политичка воља и неефикасноста на државните институции да се справат на овој план. Впрочем, и сите истражуванја на јавното мислење покажуваат дека главен пробем за македонските граѓани е токму корупцијата, а со тоа и т.н. криминал на белите околувратници, вели Чулев и додава:

Бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата беше едно од главните предизборни верувања на сегашната Влада. И во оваа насока, владата и МВР, но и другите институции задолжени за спроведување на законите, како Финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање, од самиот почеток од функцинирањето на новата Влада преземаа иницијатива за одлучен и неселективен пристап.

Чулев е уверен дека државните институции задолжени за спроведување на законот во наредниот период ќе преземат и други активности со конкретни резултати, а за тоа, со оглед дека претходната Влада беше длабоко инволвирана во незаконски активности, имаат широко поле за дејствување.

-Во преземањето на активностите сериозна пречка претставуваа и опструкциите во самите институции, но и кај дел од Јавното обвинителство кое согласно законот раководи со истрагите. Секако, и добро да се сработи одреден комплексен кривично-правен предмет треба да се преземат цела низа на оперативно-истражни дејствија со цел обезбедување на квалитетен доказен материјал. Имајќи ја во предвид одлучноста и бескомприминсиот став на Владата, која сака да прикаже видливи резултати пред граѓаните и меѓународната заедница во борба против корупцијата и организираниот криминал, уверен сум дека државните институции задолжени за спроведување на законот во наредниот период ќе преземат и други активности со конкретни резултати, а за тоа, со оглед дека претходната Влада беше длабоко инволвирана во незаконски активности, имаат широко поле за дејствување, смета поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Од друга страна пак универитетскиот професор по одбрана и безбедност, Александар Нацев смета дека Владата и МВР со ваквата иницјатива покажуваат дека се подготвени во борбата со криминалот и корупцијата и справување со сите криминогени чинители во општеството.

-Она што можевме да го видиме последните денови претставува одличен чекор во борбата со криминалот и корупцијата и може да се каже одлучен чекор во справувањето на МВР со сите криминогени чинители во општеството, вели проф. д-р Нацев во изјава за Курир.

-Владата, министерството преку оваа иницијатива покажуваат дека се подготвени за борба против криминалот и корупцијата во Македонија и дека веќе нема да биде она стара мантра „како до сега“, смета Нацев.

Ваквиот тренд вели Нацев треба да има одреден континуитет и да продолжи во иднина, како и тоа дека е дојдено време да нема недопирливи во Македонија, кои во минатото добивале помош од одредени структури внатре во безбедносни институции.

Добро е овој тренд да има одреден континуитет и да продолжи во иднина и конечно да дојде времето да нема недопирливи во нашата држава, и сите оние криминалци или криминогени фактори кои подолго време се сокриваа и добиваа помош од одредени структури внатре во безбедносни институции, време е сето тоа да престане, конечно да имаме една резулутна борба против криминалот и корупцијата во Македонија, дециден е професор Нацев.

Очекувањата на сите се дека ваквите акции и битката со криминалот и корупцијата ќе продолжат, за што МВР и министерот Тошковски имаат јасно „зелено светло“ од експертите, но и што е поважно од целата македонска јавност.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Руте во посета на Бугарија

Следно

Заедно кон паметен, зелен и инклузивен Пелaгониски регион

Latest from Blog

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,
Go toTop