Бочварски до Кочовска: Не прифаќате да се зголеми минималната плата – работниците ви се на последно место

December 18, 2024
1 min read

Пратеникот на СДСМ Благој Бочварски од собраниската говорница ја запраша министерката за финансии дали сега во овие услови на растечки цени и инфлација ќе прифати предлогот на СДСМ за покачување на минимална плата на 450 евра.

„Упорно не го прифаќате барањето на СДСМ за покачување на минималната плата на 450 евра, иако искуствата покажуваат дека секогаш кога ќе се покачи минималната плата, има спирално покачување и на останатите плати, а граѓаните заработените пари повторно ги враќаат во економијата“, истакна Бочварски

Во рамките на собраниската седница посветена на пратенички прашања, Бочварски, потсети дека ВМРО-ДПМНЕ пред избори вети раст на платите веднаш, а со новиот Буџет за 2025 година најави „позитивни изненадувања за сите работници“.

„Изненадувања видовме, но не позитивни. Имаме раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, наспорти стагнација на минималната плата, а со тоа и на сите плати.. Со оглед на ваквото темпо на раст на трошоците за живот, веќе треба да се зборува за 500 евра минимална плата, за да се обезбеди достоен живот за работниците“, рече Бочварски, додавајќи дека растечката инфлација и социјална несигурност, животниот стандард на работниците е очигледно последен на листата приоритети на Владата.

„За овие 7 месеци од вашето владеење, не видовме ниту еден потег, ниту една мерка, со која што ќе го подобрите семејниот буџет и животот на работниците. Ова што гледаме дека е во вашиот фокус е на пример раст на буџетот на 6,5 милјарди евра, како што вие кога бевте опозиција велевте надуван балон, или на пример фокусот е на новите задолжувања, но не и растот на стандардот на граѓаните“, нагласи Бочварски, додавајќи дека земјите во соседството преземаат сериозни мерки за зголемување на минималната плата.

Тој потсети дека долги години, во времето на ВМРО ДПМНЕ работнците земаа 8.000 денари минимална плата.

„Владата на СДСМ, зголемуваше плати во време на незапаметена пандемија и во време на војна, на економско-енергетска криза и со тоа покажавме дека може да се направи скок но растот на платите кога политиките во тој дел се јасни. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми платата минималната плата во државата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари“, рече пратеникот на СДСМ Благој Бочварски.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Туркије ќе продолжи со поддршката на единството и мирот на либанскиот народ

Следно

РУСКАТА ПУБЛИКА ГО ИЗБРА ИВАН ПОПОВСКИ ЗА НАЈДОБАР РЕЖИСЕР ЗА 2024

Latest from Blog

ВЛЕН: Предавството од 2021 ќе се исправи – ДУИ: Одговорност за тие што ја поткопуваат еднаквоста и меѓуетничките односи

Коалицијата ВЛЕН смета дека пописот на населението во 2021 година претставува предавство и една од најголемите институционални неправди што некогаш им е направена на Албанците во Северна Македонија. „Ова не беше статистички

Во Грција регистриран смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска

Смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска бил регистриран во грчката општина Еласона, во областа Лариса, а станува збор за пациент постар од 70 години, кој бил хоспитализиран во болница со сериозно влошена

Масовен студентски протест во Белград

Во центарот на Белград денеска се одржува голем студентски протест, со барања за распуштање на парламентот и распишување вонредни избори, како и прекин на протестниот камп во Пионирски парк. Организаторите најавија дека,

ВЛЕН: Пописот од 2021 беше политичка измама – Уставниот суд ја поништи неправдата кон Албанците

ВЛЕН остро го осуди пописот на населението од 2021 година, нарекувајќи го „политички проект“ со цел систематско намалување на бројот на Албанци во земјата. Тие обвинија дека, со поддршка на ДУИ и

Најмалку 13 војници загинаа во бомбашки напад во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва

ИСЛАМАБАД (АА) – Според првичните информации, најмалку 13 војници загинаа, а 24 се повредени, вклучувајќи и цивили, во бомбашки напад извршен во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, известува Анадолу.
Go toTop