Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука, да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

December 18, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во Брисел, престолнината на Европската Унија.  Во делегацијата составен дел е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски , министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, советникот на премиерот за надворешни работи, амбасадорот Марковски, шефот на кабинет, Владимир Нелоски.

-Денеска сме овде во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите, рече тој.

Мицкоски работниот ден го започна со билатерален состанок со заменик претседателката на Европската Комисија и одговорна за надворешна политика и одбранбени прашања Каја Калас.

-На состанокот разговаравме за сите оние стравови и за сето она што ние како држава и како народ моравме да го направиме во минатото во име на тие исти европски вредности и дека никогаш повеќе не смееме не само поради нас туку и поради вредностите коишто ги споделуваме со Европската Унија да разговараме за билатерални прашања, за идентитетски прашања, и никогаш повеќе никој нема право да го оспорува нашиот многувековен идентитет и нашиот мајчин, македонски јазик којшто има многувековни корени. Денот ќе го продолжиме со билатерални средби со премиерот на Полска, господинот Туск кој што ќе биде следниот претседавач на Европска Унија, понатаму, тука ќе биде и билатерална средба со премиерот на Шпанија, господинот Санчез, и исто така неколку часа ќе биде и официјалниот Самит на Европската Унија со Западен Балкан. Очекувам навистина позитивни впечатоци, тука сме да ги браниме македонските интереси, македонскиот идентитет и истовремено да испратиме порака дека нашето место, веќе неколку пати тоа сме го потврдиле и го заслужуваме е токму тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија, посочи Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина маж, повредена неговата жена во пожар на куќа во Скопје

Следно

Потврдена казната на поранешниот француски претседател Саркози за корупција

Latest from Blog

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека
Go toTop