Средба на министерката Јаневска со националните претставници на ЕУ-програмата COST

December 17, 2024
1 min read

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одржала работен состанок со националните претставници на ЕУ-програмата COST (European Cooperation in Science and Technology) – проф. д-р Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, национален претставник во COST Committee of Senior Officials (CSO), и Александар Тутновски, COST National Coordinator (CNC).

Како што објави МОН, во фокус на состанокот бил изборот на Поповски за потпретседател на COST и претседател на Извршниот одбор на COST (Executive Board – EB).

-На  219-тиот состанок на COST Committee of Senior Officials  во Мадрид, одржан на 27 ноември 2024, со тајно гласање проф. д-р Зоран Поповски беше избран  за нов потпретседател на COST. Воедно, во наредниот тригодишен период ќе ја извршува и функцијата претседател на COST Executive Board, наведува МОН.

COST е најголемата научна мрежа во светот, која опфаќа над 60 000 научници и иноватори и располага со годишен буџет од околу 100 милиони евра.

-Со овој избор, проф. д-р Зоран Поповски стана првиот потпретседател во историјата на COST кој доаѓа од земја што не е членка на Европската Унија. Министерката Јаневска му го честиташе изборот на проф. Поповски, истакнувајќи дека неговата улога во високите управувачки структури на COST е од големо значење за поголема вклученост и видливост на научно-истражувачката заедница од Македонија, информира Министерството за образование и наука.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Национална потерница за двајца осомничени за случајот Државна лотарија, ќе се бара и меѓународна

Следно

ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Latest from Blog

Димарко е Играч на сезоната во Серија А!

фото: intermediolan.com @intermediolan_ (X) Федерико Димарко е прогласен за играч на годината во Серија А за сезоната 2025/26. 28-годишниот дефанзивец ја доби наградата од страна на Италијанската фудбалска асоцијација. Церемонијата на доделување

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светската метеоролошка организација ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека тој би можел да биде најсилниот во последните 70 години и да трае барем до февруари 2027-ма година..

18,3 милиони денари промет на Македонската берза – НЛБ Банка на врвот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.185,75 поени. Во однос

Проданоски: 49% од прилепчани селектираат отпад – Прилеп останува лидер во Македонија

Прилеп продолжува да биде меѓу лидерите во Македонија кога станува збор за селекција на отпадот. Според најновото истражување на „Пакомак“, дури 49 проценти од граѓаните на Прилеп селектираат отпад за рециклирање. Ова
Go toTop