Од густите ПМ честички, не се гледа чистиот воздух на Владата

December 17, 2024
1 min read

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити при садењето на садници во новиот Мега парк во општина Карпош, како дел од акцијата за урбано зазеленување на Скопје, со донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“, денеска рече дека ќе бидат засадени околу 6 000 дрвја, во Тетово, Куманово и Битола.

„Работејќи заедно, успешно ги усогласивме ресурсите, експертизата и заедничката посветеност за подобрување на урбаните средини. Со засадување на 956 дрвја, стари по две и три години, од 16 автохтони видови, кои покрај ефектот на намалување на количината на CO2 во атмосферата, ќе ги апсорбираат и ПМ честичките, ќе ги ограничат ефектите од урбаните топлински острови, дополнително со зеленилото на разни локации во градот ќе ја направат околината многу поубава и поатрактивна за рекреативни активности, како што се бреговите на реката Вардар”, рече Меџити.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити вчера, пак, ја претстави новата Планска програма за почист воздух 2024-2030.

Тој рече дека целта на програмата е долгорочно и среднорочно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Северна Македонија.

Според Меџити, програмата вклучува активности за намалување на емисијата на штетни честички од различни извори: домашни ложишта, јавни објекти, транспорт, индустриски процеси, земјоделство и шумарство. Посебно внимание е посветено на проектите за енергетска ефикасност, зголемување на зеленилото и намалување на емисиите од транспортот.

„Не сакаме да ветуваме решенија што не можеме да ги исполниме во краток рок. Затоа, оваа програма е фокусирана на долгорочна промена,“ изјави Меџити.

Повеќе градови во Македонија честопати се наоѓаат на листите најзагадени во светот: Скопје, Струмица, Тетово, Битола и други се загадени со концентрации ризични за здравјето на граѓаните.

Секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5., како што рекоа демонстрантите на протестот на 10 декември пред Владата и пред Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје. Најновиот извештај на УНИЦЕФ, предупредува дека едно од девет бебиња во Македонија умира поради загаден воздух.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Следно

Национална потерница за двајца осомничени за случајот Државна лотарија, ќе се бара и меѓународна

Latest from Blog

Белата куќа: Трамп ќе потпише извршна наредба за укинување на санкциите за Сирија

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба денес за прекинување на програмата за санкции на Соединетите Американски Држави (САД) врз Сирија, соопшти Белата куќа, јавува Анадолу. Во изјава

Кирил Петков поднесе оставка

Поранешниот бугарски премиер и пратеник од Продолжуваме со промената, Кирил Петков денеска поднесе оставка. Претходно Петков на Фејсбук објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски

Муртезани: Европските средства не се под закана

Брисел и Софија имаат различни погледи на евроинтегративниот процес на Македонија – се додека Бугарија гледа низ билатерална диоптрија, ќе има блокада. Ова го изјави министерот Муртезани, на само неколку часа пред

Сертификати за 1.500 учесници за „Читањето на Сахих ал-Бухари“ што ги собраа хадиските научници во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на програмата „Читање хадиси од Сахих ал-Бухари“ што траеше 13 дена во Истанбул, на 1.500 учесници им беа доделени сертификати, јавува Анадолу. Настанот, организиран под раководство на
Go toTop