ОЈО: Не е отфрлена пријавата за Ковачевски и Димовски

December 17, 2024
1 min read

Јавното обвинителство ги чешла наводите кои МВР ги поднесе против екс премиерот Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар Методија Димовски во врска со истрагата за Лотарија, но за други дејствија.

Од Обвинителството без да спомнуваат конкретни имиња само велат дека кривичната пријава се уште не е отфрлена.

– Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените 6 лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат. Напоменуваме двете лица се пријавени за сосема друг временски период и за други дејствија, а на владината седница на 6.6.2023 година кога точка на дневен ред била наведената одлука, претседавал единствено сега осомничениот“

ТВ 24  побара став од екс премиерот Ковачевски, но тој не одговори на повиците. Недостапен остана и поранешниот генерален секратар Методија Димовски. Од неговата матична партија по днешното соопштението на ОЈО нема нов став. Според неофицијалните информаци на Тв 24, попалднево се очекува токму за ова да се координира партиското претседателство. Во вчеашното гостување во анализа на ТВ 24 пратеничката од СДСМ Јована Тренчовска пак му порачаа на министерот за внатрешни работи да ја почитува пресумпцијата на невиност за лица за кои и самото ЈО до тој момент не се произнело.

Министерот Тошковски пак и вчера на пресконференција во врска со истрагата за Лотарија посочи дека во кривичната од ресорното министерство опфатени се 8 лица. 

Во јавноста се појави дилема бидејќи во кривичната пријава на МВР беа опфатени 8 лица но обвинителството оформи предмет за 6 мина од нив. Тоа значи дека проверките за Ковачевски и Димовски се уште се во тек. Во предметот лотарија оштетен е буџетот и направена е проневера од над 8 милиони евра. Сепак обвинителството не ја исклучува можноста за проширување на предметот но известија дека тековно ќе информираат во текот и на наредните денови.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: На Украина ѝ се потребни уште 12-15 системи за противвоздушна одбрана против руските напади

Следно

Скопјани ќе останат без вода од петок од 22 часот до санација на дефектите

Latest from Blog

ВЛЕН до ДУИ: Г’зим Острени кажа што се случувало со албанскиот јазик, ќе одговори ли Ахмети?

Политичката партија ВЛЕН бара од Демократската унија за интеграција (ДУИ) да се изјасни за неодамнешните изјави на Г’зим Острени во врска со Охридскиот рамковен договор и улогата на Али Ахмети. Од ВЛЕН

(ФОТО) USS ABRAHAM LINCOLN – Американскиот носач на авиони беше на море 286 дена, погледнете како изгледа сега

По 286 дена континуирано пловење и екстремно интензивни борбени операции, американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ конечно се закотви во тајландското пристаниште Лаем Чабанг за да може екипажот да се одмори.

Се заканува нова трагедија на Тибет- глечерите пред уривање со над 1.000 жртви и 500 заробени во тунелите

Бројот на жртви од поплавите веќе надмина 1.000, додека спасувачките екипи се тркаат да стигнат до заедниците кои се отсечени по катастрофата на 26 август. Кинеското Министерство за водни ресурси вчера предупреди
Go toTop