Во продажба билетите за новите авиолинии од Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт

December 17, 2024
1 min read

По денешната средба помеѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, започна продажбата на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт.

Од мај 2025 година, патниците ќе можат да ги истражуваат Барселона, позната по уникатната архитектура и живописната култура; Лион, гастрономскиот и историски бисер на Франција; и Штутгарт, градот на автомобилската индустрија и зелените паркови. Истовремено, туристите од овие европски градови ќе добијат можност да ги откријат природните убавини, историјата и традициите на Северна Македонија.

„Со задоволство го објавуваме враќањето на Барселона како дестинација, која беше најпосакуваната рута од нашите патници. Покрај тоа, воведуваме и нови летови до Лион и Штутгарт, со што го прошируваме изборот за патниците. Ова е значаен чекор кон подобра поврзаност и поголема удобност,“ истакна Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Летовите до Барселона започнуваат на 3 мај 2025 година, сообраќајќи вторник и сабота, додека до Лион ќе се лета од 1 мај 2025 година три пати неделно – вторник, четврток и сабота. Летовите до Штутгарт стартуваат на 29 септември 2025 година и ќе се изведуваат понеделник, среда и петок.

„Со овие нови линии ја покажуваме нашата посветеност да обезбедиме достапни и удобни патувања за нашите патници, истовремено овозможувајќи нови туристички можности за посетителите од Западна Европа,“ додаде Роланд Тишнер, управен директор на Визер Унгарија.

Резервациите се достапни на официјалната веб-страница на Визер и преку мобилната апликација. Цените започнуваат од 24,99 евра за Штутгарт, 29,99 евра за Лион и 31,99 евра за Барселона.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

АЛКАЛОИД со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

Следно

EXIT слави 25 години! Sex Pistols, Tiësto, Loreen и Eric Prydz се дел од првите 25 имиња на јубилејното издание

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop