Битката на Меџити со Груби – „моите ставови се потврдија, жал ми е што гледам дека ДУИ е уништена“

December 17, 2024
1 min read

Битката што ја имаше Изет Меџити во ДУИ, вели дека не била лична, но го кренал гласот кога почнало отуѓувањето на партијата. Според Меџити, неговите реакции сега се потврдени и тој чувствува задоволство поради тоа, но вели дека жали за состојбата во која сега се наоѓа овој политички субјект.

„Доколку ме прашуваш денеска, да, постои задоволство бидејќи се утврди дека моите ставови се правични, коректни, аргументирани и затоа ова е заклучокот. Ова што се гледа денес не бара многу елаборирање, бидејќи е елаборирано, но од друга страна не  чувствувам задоволство, како што не чувствувам задоволство со тоа што се случи со тој субјект, не чувствувам задоволство кога гледам дека се уништува, во слободен пад, бидејќи јас како индивидуа имам инвестирано добар дел од младоста тука“, додава Изет Меџити.

А, сега кога е на другата страна, како Меџити гледа на Ахмети, кој често пати се смета за национална фигура.

„Кога гледав дека е добро, сум му служел, со целото мое битие, со сето мое знаење, со сите мои можности и кога видов дека не е добро, го кренав гласот, денес ваква е ситуацијата, нема да губиме  време на оваа дебата затоа што е јасна како ситуација. Со други зборови, тие го изгубија компасот и мора да сфатат дека има нова реалност и никој не е над законот, никој не е неприкосновен и колку побрзо го сфатат ова, толку подобро ќе биде“, вели Изет Меџити.

Меџити тврди дека своите ставови за соработката на Груби со Мијалков ги елаборирал и во партијата и во медиумите, додавајќи дека имал реакции и за, како што го нарекува, неговиот помошник Прпарим Бајрами. Според Меџити, Ахмети бил информиран за целата работа што ја вршел Груби.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ШПАНСКАТА АКТЕРКА МАРИСА ПАРЕДЕС, ЕДНА ОД ОМИЛЕНИТЕ ГЛУМИЦИ НА АЛМОДОВАР

Следно

Шпекулации за Груби: Се ценкал со враќање од Косово во домашен притвор, но не и во Шутка?!

Latest from Blog

Eве што им значи Меси: Цела Аргентина ќе аплаудира во 10-тата минута!

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси се збогуваше со аргентинската репрезентација, а начинот на кој неговата земја ќе му се заблагодари многу зборува за величината што ја има во фудбалот таму. Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА)

ВЛЕН до ДУИ: Г’зим Острени кажа што се случувало со албанскиот јазик, ќе одговори ли Ахмети?

Политичката партија ВЛЕН бара од Демократската унија за интеграција (ДУИ) да се изјасни за неодамнешните изјави на Г’зим Острени во врска со Охридскиот рамковен договор и улогата на Али Ахмети. Од ВЛЕН

(ФОТО) USS ABRAHAM LINCOLN – Американскиот носач на авиони беше на море 286 дена, погледнете како изгледа сега

По 286 дена континуирано пловење и екстремно интензивни борбени операции, американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ конечно се закотви во тајландското пристаниште Лаем Чабанг за да може екипажот да се одмори.
Go toTop