СЗО: Потребна е помош за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија

February 19, 2023
1 min read

Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија.

Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата под контрола на Дамаск не дозволуваат влез во областа, изјави директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.

Тој изјави дека тоа го кочи нивното работење и дека проблемот мора што поскоро да се реши.

– Времето истекува, а ние остануваме без пари. Нашата операција чини околу 50 милиони долари месечно и вклучува само реакција на земјотрес, рече Бисли. Тој додаде дека „ако Европа не сака нов бегалски бран, треба да одвои средства за помош“.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во земјотресите што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми. На југот на Турција се регистрирани повеќе од 40.000 жртви, додека од соседна Сирија има повеќе од 5.800 загинати.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тешка сообраќајна несреќа во Влае, повредени три лица

Следно

Лефков: Човек близок на Груби добил акредитација за баждарење на пумпи, а директорката на институцијата што тоа го овозможила има непријавена хациенда

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Ница, Франција, каде ќе учествува на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3). За време на конференцијата, Сиљановска-Давкова, како што информира

Убивајќи 10 Палестинци, вклучувајќи и деца, Израел продолжува со нападите врз Газа и третиот ден од Курбан бајрам

АНКАРА (АА) – Израелската армија денес уби уште 10 Палестинци, меѓу кои има и деца, во напади врз раселените лица во Хан Јунис, во јужниот дел на Појас Газа, третиот ден од

Играч од Вевчани ќе вози Мерцедес АМГ, освоен е Премиум џекпотот на Видеолотарија

Играч од Вевчани ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка  на Видеолотарија Касинос Австрија, ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ. Тој како најсреќен играч, ќе го вози фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ. Овој викенд го донесе највозбудливиот момент- најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на Видеолотарија Касинос Австрија- Премиум џекпот е

Јулија Козакова Трио, „Мордаи“ и „Луфтанза“ го затвораат 24. ОФФест

Со вечерашните настапи на Јулија Козакова Трио од Словачка, фолк-рок бендот „Мордаи“ од Унгарија и македонскиот состав „Луфтанза“ завршува годинашното 24. издание на ОФФест.  Програмата ќе почне со проекција на бразилскиот документарен
Go toTop