„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен

December 15, 2024
3 mins read

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до 15 јануари над 900 производи опфатени со акциската листа треба да се продаваат по пониски цени за 10 проценти.  Акциската листа опфаќа леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго. Тие производи на полиците во трговските ланци треба да бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Најавени се контроли од Државниот пазарен инспекторат кој веќе неколку дена ги мониторира цените за да утврди евентуални неправилности. Владата очекува акцијата да го заштити семејниот буџет во услови на зголемени цени на прехранбените производи што се потврдија и со последните податоци за инфлацијата од Државниот завод за статистика.

По официјализирањето на акцијата на 5 декември, кога беше најавено дека листата содржи 600  производи, до завчера, како што објави заменик-министерот за економија Марјан Ристески, бројката достигна 900 производи.

– Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи. Граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудиле, со пониски цени од најмалку 10 проценти, напиша Ристески на социјалните мрежи.

Апелираше компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која посочи дека самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk. 

Во пресрет на акцијата, ДПИ објави дека пазарните инспектори ги мониторираат цените на производите коишто ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Од Владата во неколку наврати порачаа дека најавеното намалување на цените на производите со акцијата ќе го заштити семејниот буџет. 

– Очекувам позитивни ефекти од акцијата и за празниците што побогата потрошувачка кошничка за граѓаните за понида биде што побогата, изјави премиерот Христијан Мицкоски завчера по присуство на поставување камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.

При објавата на новогодишната кошница, Мицкоски рече дека листата на производи е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците. Премиерот тогаш нагласи дека не се работи за интервентна мерка на Владата и со ограничување на цените, туку за консензуално решение поради што нема да има казнување, туку ќе има мониторинг дали на тие производи ќе бидат залепени налепниците за да бидат визибилни за граѓаните.

Со „есенската потрошувачка кошница“ што се применуваше од 24 септември до крајот на октомври беа опфатени 73 производи, а според анализите на Министерството за економија, просечно четиричлено семејство заштедило меѓу 690 и 1.360 денари, во зависност од потрошеното и продавниците каде што се купувало. Наспроти власта, синдикатите реагираа дека трговците ја изиграле мерката зголемувајќи ги цените на производите и најавија дека будно ќе ја следат примената на новогодишната кошничка.  

Од Сојузот на синдикатите на Македонија укажаа дека синдикалната минимална кошничка што ја подготвуват тие ќе биде главниот контролен механизам за тоа дали цените навистина се намалени од страна на трговците. 

– Ова од причина што новата Синдикална минимална кошница ќе биде пресметана на 20 декември, а мерката односно акцијата стапува во сила на 15 декември со што ќе знаеме што реално е намалено од основните производи во делот за храна и пијалаци, а на 20 јануари ќе знаеме дали по завршување на мерката на 15 јануари, трговците направиле зголемување на цените со што би се изгубил ефектот од истите. За потсетување, трговците пред стапување во сила на претходните мерки ги намалија платите на вработените во трговијата за 5 проценти согласно што се намали и просечната плата, а поради неоправданото зголемување на цените се зголеми на вредноста на СМК во делот на храна и пијалаци пред стапување на сила на мерката и по завршување на истата повторно имаше зголемување, наведоа од ССМ.

Апелираа стопанствениците да покажат општествена одговорност, а во спротивно доколку се обидат да го изиграат системот, да се воведат ригорозни казни за непочитувачите.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември годинава изнесува 62 021 денар, за 772 денари повеќе во однос на кошницата во октомври. 

Во ноември Државниот завод за статистика регистрираше раст  од 4,3 проценти на трошоците на животот во однос на ноември лани,  како и зголемување од 4 проценти на цените на мало.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември во однос на октомври годинава, изнесува еден процент. Зголемувањето на инфлацијата, според статистиката, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 процент, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 проценти, ресторани и хотели за 0,8 проценти, облека и обувки, здравје за 0,2 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент.

За заштита на стандарот на граѓаните поради покачувањето на цените што е особено карактеристично пред празниците, покрај новогодишна кошница, Владата најави и велигденска и рамазанска. 

На 28 септември годинава стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој според власта дополнително треба да ги намали цените на производите и трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.  Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Марк Одермат во последен момент спречи сензација во Вал д’Изер

Следно

Гувернерката на Њујорк по зачестените појави на дронови: „Ова отиде предалеку“

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска за „недела неработен ден“: Ако некоја компанија сака да работи, може да работи!

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна свое мислење во врска со „Недела неработен ден“. Според неа, доколку една компанија сака да работи, може да работи

Костовски: МТФ е најдобра федерација во Македонија за 2024 година

Македонската таеквондо федерација е најдобра федерација во Македонија за 2024 година, објави Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел, на совот фејсбук профил. „Спортско откритие на годината Теодор Стојановски, врвен спортски успех сребрен

Израел го повика амбасадорот на Ватикан откако папата ги критикуваше нападите во Газа

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израел го повика амбасадорот на Ватикан во Тел Авив, во Министерството за надворешни работи, откако поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциск, рече дека тоа што се

Димитриеска Кочоска: Сметам дека вториот пензиски столб е непотребен, ни прави дополнителен трошок!

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека смета оти вториот пензиски столб е непотребен. Според неа, тој ни прави дополнителен трошок. „Јас сметам дека вториот
Go toTop