ДУИ: Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен ветинг

December 14, 2024
1 min read

Една недела откако американската амбасада ја прошири црната листа и на неа се најде високиот функционер на ДУИ Артан Груби, од неговата партија денеска со повик до власта за сеопфатен ветинг.

Според нив само со проверка на  потеклото на богатството на сите политичари, без исклучок во последните 30 години и обелоденувањето на приватизацијата, може да се  гаранција за владеење на правото. 

„Но за жал тоа не го подржуваат  а секој ден зборат како се многу активни во борба против криминалот и корупцијата и со тоа се трудат да ја покријат неспремноста за еден сеопфатен ветинг кој би бил подржан и од меџународните наши стратешки партнер во овој значаен процес во државата.“ – Блерим Беџети Демократска унија за интеграција.

Коалицијата Вреди  им возврати на ДУИ, тие велат дека Артан груби веќе и  направи Ветинг на Демократската унија за интеграција, додаваат дека тие се заробени од криминална структура, на чело со Али Ахмети и со неговата сенка Груби кој ги извршувал неговите наредби. 

„Кога ДУИ зборува за ветинг, тоа е исто како да му сврти грб на постојаниот сојузник на Албанците, САД. Оваа партија има тенденција да ги исмејува и Албанците и нивниот постојан пријател. Не помина ниту една недела откако САД ја ставија на црна листа сенката на Али Ахмети, Артан Груби. Бидејќи имаат горлива желба за ветинг, Артан Груби веќе и направи ветинг на ДУИ.“ – ВРЕДИ .

Дуи денеска се пожалија  и дека официјалните материјали на собраниските комисии не им се достапни на албански јазник, додаваат дека оваа постапка е кршење на законите и пекршување на уставот, кој се однесува на јазничната еднаквост во службената употреба. Посочија додека не се достават собраниските материјали и на албански нема да  можат да дозволат работа на собраниските комисии.

„Го повикуваме претседателот на собранието и надлежните инститруции да превземат итни мерки за да се поправи ова прекршување на уставот. Алармираме и се што е во рамките нашата деловничка можност ние ќе дејствуваме.“ – Блерим Беџети ДУИ.

Во меѓувреме ДУИ повторно  го прогласи Уставен за ненадлежен да одлучува за Законот за јазици бидејќи тој бил дел од Охридскиот рамковен договор, а поништувањето на евентуално неуставните одредби од Законот за јазици ќе предизвика дестабилизација. Најавија дека повторно ќе стражарат пред Судот кога повторно ќе се расправа за ова прашање.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шведска: Стотици луѓе протестираат во Стокхолм против израелските напади врз Газа

Следно

Возете внимателно: Снег провејува на Попова Шапка и Пресека

Latest from Blog

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,

Божиновска: Зелената транзиција клучна за иднината на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, на која беа разгледани клучните енергетски проекти во државата. Како што

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта
Go toTop