Трајков со порака до Македонците во Србија: Вие сте мостот на пријателство меѓу двете земји

December 14, 2024
1 min read

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, присуствуваше и се обрати на свеченото одбележување на 20-годишниот јубилеј од формирањето на Националниот совет на Македонците во Србија, кое се одржа во Нови Сад.

Во својот говор, Трајков го нагласи значењето на Националниот совет за зачувување на македонскиот јазик, култура и национален идентитет, изразувајќи благодарност за придонесот на Советот во зачувување на традицијата и поттикнување на меѓусебната соработка меѓу Македонците и српските граѓани.

-Вие сте мост меѓу двете држави и двата народа, кои отсекогаш биле блиски и пријателски. Вашата улога во зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет е од огромна важност и секогаш можете да сметате на поддршката од Република Македонија, истакна Трајков.

Таа особено ги поздрави активностите на македонската заедница во Србија, кои вклучуваат издавање книги, емисии на македонски јазик и воведување на изборниот предмет „Македонски јазик со елементи на националната култура“, кој се изучува повеќе од една деценија.

Трајков ја искористи можноста да изрази благодарност до Република Србија за поддршката на правата на македонската заедница, истакнувајќи дека ова претставува пример за почитување на малцинските права кој треба да го следат и другите соседи.

Посетата на Нови Сад ја потврди посветеноста на нашата држава за зајакнување на добрососедските односи и поддршка на македонската заедница во дијаспората.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Артан Груби ѝ направи ветинг на ДУИ!

Следно

Муцунски: Фрчкоски направил злоупотребa на буџетски средства, штетата е шест цифри во евра

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop