Австрија на сириските бегалци им нуди 1.000 евра да се вратат дома

December 13, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Австрискиот канцелар денес најави стимулација од 1.000 евра за сириските бегалци кои сакаат да се вратат во својата земја по падот на режимот на Башар ал-Асад, пренесува Анадолу.

„Австрија ќе ги поддржи Сиријците, кои сакаат да се вратат во својата матична земја, со бонус од 1.000 евра“, напиша Карл Нехамер на платформата X.

Канцеларот рече дека на Сирија сега ѝ требаат нејзините граѓани за нејзина обнова.

Тековните процедури за азил за сириските граѓани во Австрија ќе останат суспендирани, нагласи тој.

Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт во Сирија од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРОЕКТ ВРЕДЕН НАД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА: Мицкоски утре на поставување камен темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во Општина Карбинци

Следно

Турскиот министер за одбрана повика на глобална поддршка за „историскиот процес“ во Сирија

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop