Не ја разбирам загриженоста дека сеопфатните реформи во правосудството може да се сфатат како притисок врз судството, вели Мицкоски

December 13, 2024
1 min read

Најавената силна акција во правосудството вклучува сеопфатни реформи, мора да има систем кој ќе функционира, да има одговорност за судиите и обвинителите кои не ги исполнуваат етичките стандарди или се вклучуваат во коруптивни практики, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Фактор“.

-Не ја разбирам загриженоста дека овие реформи може да се сфатат како притисок врз судството. Сепак, нашиот пристап е вкоренет во почитувањето на владеењето на правото и имаме за цел да ја зајакнеме независноста на судството, а не да ја компромитираме, нагласува Мицкоски.

Корупцијата, додава тој, е постојано прашање и значајна пречка за економскиот раст, довербата на јавноста и интеграцијата во ЕУ.

-Оваа Влада е посветена на директно справување со корупцијата, како преку системски реформи, така и преку решителна акција. Еден од првите чекори е зајакнување и деполитизирање на институциите. Ова вклучува обезбедување дека сите органи работат независно и нема повеќе лица кои ќе ја искористуваат својата моќ или позиција да нарачуваат пресуди и да конструираат случаи, истакнува Мицкоски.

Посочи дека зголемувањето на транспарентноста преку дигитализација на јавните услуги е клучен дел стратегијата на Владата.

-Со намалување на бирократската дискреција во процесите како што се јавните набавки ќе успееме да ги минимизираме можностите за корупција, а со сигурност да ги заборавиме постапките на склучување на договори во четири очи. За искоренување на корупцијата ќе биде потребно време, но нашата посветеност за градење поодговорен систем е непоколеблива. Ние имаме обврска да ги исполниме очекувањата на нашите граѓани, додава Мицкоски во интервјуто.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зајкова: Злосторничката иницијатива за моја смена веќе е отстранета

Следно

Што е Каптагон, синтетичкиот стимуланс на кој режимот на Асад во Сирија, заработи милијарди? 

Latest from Blog

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето,

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна
Go toTop