ЗЕЛС: Казните за создавачите на отпад да изнесуваат од 4.000 до 6.000 евра

December 12, 2024
1 min read

Измени на законот за локална самоуправа каде што би била вклучена експертската јавност и целиот невладин сектор, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски посочи дека треба да се воведат законски измени што ќе бидат одржливи на долг рок, а не моментална интервенција поради нефункционалноста на една општина или институција.

Додава дека буџетите на сите институции и локални самоуправи се полнат од граѓаните и тие треба да даваат и да одземаат мандат. 

– Секако ќе произлегува од вољата на граѓаните ние споменавме сега ќе видиме до крајот како ќе се одвиваат сите процески но според мене тоа е мој личен став јас не велам дека тоа е став на сите мои колеги не е добро тоа да се случува во рамките на советот затоа што тогаш се остава простор за манипулирање се остава простор за групирање за злоупотреби и така натака значи се што излегува од граѓаните треба повторно да биде вратено во граѓаните. – Орце Ѓорѓиевски градоначалник на Кисела вода и претседател на ЗЕЛС.

Ѓорѓиевски  прецириаше дека ја слушнал изјавата на премиерот за одземање на ингеренциите на град скопје за градскиот превоз, тој посочи дека нема конкретни информации за  одземање на ингеренците, но посочи дека градот  има големи предизвици со кои треба да се соочи. 

– Тоа не е единственото прашање кое што предизвикува голгота за скопјани ние имаме исто така проблем со комуналната хигиена имаме проблем со нефункционалноста на паркови и зеленила имаме проблем со нефункционалноста за жал за прв пат во историја со водовод  и канализација нешто што не се случило тие направија загубар од водовод и канализација што досега не се случило 30 години во Република Македонија. – Орце Ѓорѓиевски градоначалник на Кисела вода и претседател на ЗЕЛС.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информираше дека веќе има изготвен предлог-закон за комунална полиција и дека  во наредниот период ќе разговара со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Дополни дека за сите оние кои несовесно исфрлаат ѓубре на несоодветно со што се создаваат диви депонии, се предлага глобите да се зголемат од сегашните 50 до 200 евра, на 4.000 до 6,000 евра.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Научниците екстрахираа честици од ретки минерали за борба против ракот

Следно

Поднесени кривични пријави против двајца поранешни директори на Фондот за иновации

Latest from Blog

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите

За ЕУ интеграцијата на Западен Балкан на средбите на Калас со Мицотакис и Герапетритис во Атина

Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по

Белингам се врати во репрезентацијата на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел ќе го врати Џуд Белигнам во националниот тим за претстојниот квалификациски прозорец. Белингам беше изоставен од составот минатиот месец, а Тухел инсистираше дека играчот

Ненси Пелоси се пензионира

Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира за реизбор во 2026 година, што го означува крајот на нејзината четиридецениска кариера како
Go toTop