Милошоски: Измените на Законот за јавни набавки е со цел зголемување на ефикасноста и подобрување на правната заштита за компаниите

December 12, 2024
1 min read

Прво затоа што мислам дека оваа државна комисија за жалби по јавни набавки не покажа ефикасност и резултати. Ние гледаме и според одредени анкети, спроведени од институти и ЕК дека голем број на стопанственици дури не ни поднесувале жалби по јавните набавки затоа што знаеле дека однапред е одлучено како ќе биде“, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во изјава за Канал 5 телевизија.

Тој продолжи и додаде:

-По однос на управната постапка или административна постапка сега, се работи само за подобрување на ефикасноста за да нема преклопување на надлежноста на бирото за јавни набавки со надлежноста на државната комисија за жалби по јавни набавки, односно да се зголеми ефикасноста на бирото за јавни набавки во почетокот на самата постапка кога има одредени поголеми јавни набавки, а државната комисија за жалби по јавни набавки да биде крајната инстанца која ќе значи правна заштита на оние стопански субјекти кои сметаат дека има повреда на постапката и сметаме дека ова разграничување ќе ги направи двете институции поефикасни во управувањето со финансиите и големи јавни набавки, вели Милошоски.

Милошоски истакна дека измените се поврзани со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК.

„-И третата работа зошто го правиме по скратена постапка затоа што овие измени се поврзани и со реформската агенда на Владата и со планот за раст на ЕК каде како држава сме презеле одредени обврски, но претходната влада не ги реализирала навремено односно ние треба во 2025 година да ги намалиме електронските набавки под 40%. Досега биле навистина преголеми што создавало сомнеж дали истите се правилни или голем дел се злоупотребуваат и токму имаме таква интервенција да се ограничи оваа можност за електронски јавни набавки, истакна Милошоски.

Тој продолжи и додаде:

-И на крајот тоа што сакам да го потенцирам е дека самите случувања актуелен е тој предмет со РЕК Битола со големи јавни набавки, со преголем сомнеж за можен организиран криминал или корупција покажуваат дека досегашното дејствување според овој закон на државната комисија за жалби по јавни набавки не било на задоволително ниво. Во иднина ќе треба многу посилен ангажман на овие две институции за да имаме поголема контрола во јавните набавки, укажа Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗЕЛС очекува скоро формирање на комунална полиција и бара глоби до 6000 евра за создавачи на диви депонии

Следно

Одбележан јубилеј – 30 години присуство на УНХЦР во Република Македонија

Latest from Blog

Доаѓа месецот на страста: Астролозите откриваат кој хороскопски знак го чека свршувачка, кој селидба, а кој конечен крај во февруари

Љубовниот хороскоп за февруари носи судбоносни промени за сите хороскопски знаци без исклучок. Водолија и Лав донесуваат ненадејни одлуки за брак или раскинување на почетокот на овој непостојан месец. Ова не е

Вест Хем се пофали и со Адама Траоре

Во обидот да одигра што подобра пролетна полусезона, тимот на Вест Хем одлучи зимава да се засили во навалните редови на најдобар можен начин. По промоцијата на Тами Абрахам, сега на ред

Никогаш нема да ви признаат: Мажите ги мразат овие 3 работи во кревет, а бројот 3 особено не им се допаѓа

Дали некогаш сте се запрашале кои работи вашиот партнер не ги сака во креветот? Колку и да мислите дека сè што правите во креветот му годи на вашиот партнер, постојат одредени работи

Николоски на средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот Александар Николоски,
Go toTop