Русија тврди дека соборила 16 украински беспилотни летала при напад во текот на ноќта

December 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија утринава потврди дека соборила 16 украински беспилотни летала во нападот што во текот на ноќта бил извршен врз повеќе региони, јавува Анадолу.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се тврди дека неговите системи за противвоздушна одбрана собориле четири беспилотни летала над пограничниот регион Курск, каде што Украина започна упад уште во август.

Понатаму во соопштението се тврди дека едно беспилотно летало било пресретнато над рускиот севернокавкаски регион Чеченија, а три биле соборени над руската Република Северна Осетија-Аланија.

Исто така, се тврди дека уште осум беспилотни летала биле соборени над Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на Телеграм изјави дека единственото беспилотно летало што било пресретнато над регионот било соборено над зградите на специјалниот полициски полк на Министерството за внатрешни работи на регионот во градот Грозни.

Кадиров рече дека четворица чувари се здобиле со полесни повреди, а детонацијата на беспилотното летало предизвикала помали штети и пожар што подоцна бил изгаснат.

Во меѓувреме, Сергеј Мењајло, шеф на руската Република Северна Осетија-Аланија, на Телеграм изјави дека нападот со беспилотно летало над северниот округ Моздочки во регионот не предизвикал жртви или штета.

Украинските власти сѐ уште не ги коментираа нападите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дурмиши-Месец: Продолжува полодната соработка помеѓу Mакедонија и Словенија за унапредување на пазарот на труд

Следно

Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха

Latest from Blog

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, така ќе продолжиме

Ко-претседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека одлуките во досегашното политичко дејствување ги носел заедно со своите соработници и поддржувачи, истакнувајќи дека заеднички стоеле зад принципите и

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите
Go toTop