Сиљановска Давкова имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на ЕУ

December 12, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во земјава, организиран од унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн.

Во пријателска атмосфера, како што соопшти кабинетот на претседателката, се дискутирало за актуелни домашни, регионални, европски и светски настани и процеси.

Акцентот бил ставен на македонските проблеми и препреки во евроинтеграцијата и на потребата од креативно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор во духот на пријателството и добрососедските односи, со почитување на фундаменталните вредности и принципи на ЕУ.   

Претседателката ја реафирмирала својата длабока верба, посветеност и решеност за спроведување на реформската агенда во согласност со копенхагенските критериуми, со активно партнерство со ЕУ.

 

Сиљановска Давкова укажала дека билатерализацијата и преседаните се реална опасност за проширувањето.   

Според неа, во амбиент на воени конфликти, проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан, кои природно и припаѓаат на Европа: географски, историски и културно и водат заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ е од заеднички интерес и го јакнее нивниот имунитет кон заканите. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Густа магла го запре сообраќајот на транзитните бродови низ теснецот кај Чанаккале

Следно

Генералното собрание на ОН усвои резолуции за прекин на огнот во Газа и поддршка за УНРВА 

Latest from Blog

Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13

Божиновска: Македонија сè повеќе го претвора сонцето во домашна електрична енергија

Македонија сè посилно го претвора својот сончев потенцијал во домашна електрична енергија, покажуваат податоците за развојот на фотонапонските електроцентрали. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека во 2025

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави
Go toTop