Претседателот Костадиновски обвини за политичко насилие, уцени и притисоци врз Уставниот суд

December 11, 2024
1 min read

Ние изминатиов подолг период сме сведоци на едно непримерно, можам да го наречам и политичко насилие, влијание, притисоци на некој начин и уцени на Уставниот суд. Тоа е резултат на едно фрапантно отсуство на елементарна политичка култура, да не зборувам за уставна култура, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

-Повеќе пати имам кажано дека нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван од никого и нема да дозволам да биде под притисоци и закани од било кого. Секој што мисли дека владеењето на правото, правната држава ќе ја попречат со политичко влијание и со манипулации, воопшто да не се трудат. Такво нешто нема да се случи. Уставниот суд има јасни надлежности, ги црпи од Уставот. Уставниот суд е чувар на Уставот и го чува во таква форма, таков како што е, нагласи Костадиновски.

Претседателот на Уставниот суд додаде дека воопшто не сака да комуницира и полемизира со политичарите, но нагласува дека се приморани на некој начин да им се обратат на граѓаните и да ги уверат во независноста и непристрасноста.

Потенцираше дека денешната одлука на Уставниот суд, не сака од никој да биде сфатена како слабост или подлегнување под некој притисок.

-Ние продолжуваме со постапувањето по тој предмет (Закон за употреба на јазиците). Тоа е најстариот предмет во овој суд, повеќе од пет години и нашата денешна одлука треба да биде толкувана како врвен чин на одговорен пристап и највисока почит и должност кон граѓаните, да не дозволиме да бидат манипулирани и лажени од политичарите, дециден е Костадиновски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈО за случајот со Артан Груби: И давателот и прималот на поткуп ќе одговараат

Следно

Либанец ослободен по 33 години поминати во сириски затвор

Latest from Blog

Минчев-Рокас: Зајакнување на мерит-системот и институционалната одговорност

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Н.Е. Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, посветена на тековните реформски процеси во јавната администрација и нивното понатамошно усогласување со европските стандарди

Ниска трговска активност на берзата: промет од 7,53 милиони денари, ОМБ остана стабилен

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 23 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,08% и заврши на 10.158,67

Проданоски: Над 500 маски ја одбележаа „Прочка 2026“

Со учество на над 500 групни и поединечни маски, детско дефиле и централна карневалска поворка, во Прилеп се одржа јубилејното издание на карневалот „Прочка 2026“. Годинава беа одбележани два значајни јубилеи –
Go toTop