23 лица проневериле 6,5 мил. eвра од РЕК Битола – ОЈО: Меѓусебно се договарале да го изиграат тендерот за јаглен

December 10, 2024
1 min read

23 лица во акцијата насловена „Адитив“ завршија со кривични пријави за злоупотреба на службена положба, местење тендери и перење пари. Осомничени се за проневера на 6,5 милиони евра, преку набавки на ЕСМ за јаглен за потребите на РЕК Битола. Голем дел од нив се поранешни раководни лица во ЕСМ.

„…Осомничените управители и сопственици на правни лица, како учесници во постапки (економски оператори), меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј.“, велат од ЈО.

Акцијата се спроведувала во Скопје, Битола, Неготино, Кичево и Велес, по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал. Осомничените дејствијата ги вршеле од почетокот на 2023-тата до средината на оваа година. Потоа, според истрагата, дел од незаконски добиените средства од тендерите биле подигнати во готовина.

„За време на акцијата обезбедени се голем број материјални докази (документација), а кај три лица пронајдени и одземени се околу 130.000 евра. Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-СКИ -Единица за корупција во соработка со Управата за финансиско разузнавање до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против 23 физички лица и два правни субјекти.“, велат од МВР.

Од Обвинителството додаваат дека акцијата се уште трае и се прибираат докази. Институциите не потврдуваат, но неофицијално меѓу осомничените се и екс-директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, поранешниот комерцијален директор Ардијан Муча, претходникот на Ковачевски на директорската позиција – Васко Стефанов, и други. Детали во јавноста прв сподели премиерот Христијан Мицкоски. Уште пред институциите да соопштат за акцијата, тој сподели дека се брифирал од министерот Панче Тошковски, дека осомничениот Вако Ковачевски е во странство.

„Не, не е во државата од подолго време, но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата.“, вели Христијан Мицкоски.

Од Обвинителството соопштија дека дополнително ќе информираат какви мерки ќе побараат за осомничените.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заврши претресот по Дополнетиот Предлог-буџет за 2025 година

Следно

Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година

Latest from Blog

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир. – Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го
Go toTop