Народен правобранител: Во многу институции при вработувањето сѐ уште има дискриминација по етничка основа

December 10, 2024
1 min read

Бројот на Македонци во јавната администрација во 2023 е намален за 0,3% во однос на претходната година, додека бројот на вработени албанци во јавниот сектор е зголемен за 0,3%. Ова го покажува Посебнитот извештај за 2023 година кој се однесува на  следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор.

Но ако се земе во предвид фактот последниот попис, процентот на вработени Албанци и Македонци е зголемен. 

„Застапеноста на Македонците во 2022 година во јавниот сектор била со 71,9%, додека за 2023 година е 71,6%, што претставува намалување од 0,3% во споредба со претходната година, но е поголем за 13,16 проценти во споредба со резидентното население во земјата споредени со резултатите од последниот попис на населението од 2022 година.Застапеноста на албанците во 2022 година била со 21,4% додека оваа извештајна година таа е со 21,7%, што претставува  пораст од 0,3%, но е помала за 2,6 проценти во споредба со резидентното население во земјата.“ – Насер зибери Народен правобранител.

Народниот правобраните  упатува јавна критика која се однесува на недоволниот број на застапеност на лица од немнозинските заедници на раководни работни места, албанската 18%, турската 1,6 %,  а посебно ромската етничка заедница, односно од вкупниот број на лица на раководни работни места во јавниот сектор само 0,3% се Роми, назначени на раководна позиција.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Либија побара вонредна седница на Арапската лига поради израелската окупација на територијата во Сирија

Следно

ЕУ прави план за враќање на бегалците во Сирија

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција бара партнерство и заедничка акција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на UNECE Resource Management Week 2026, каде имаше свое обраќање пред високи претставници, експерти и креатори на политики од целиот свет. Во

Иран испрати нов предлог за завршување на војната

Иран им понуди на САД нов предлог за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на војната, додека нуклеарните разговори се одложени за подоцнежна фаза, објави денес „Аксиос“, повикувајќи се на американски

Вајц: Во последната година не видовме напредок ниту реформи кај Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц порачал дека меѓусебното почитување меѓу земјите-членки и земјите-кандидати е основа на нашата соработка во Европската Унија. Запрашан за европскиот пат на нашата држава, Вајц

Холандија на Мундијалот без Чави Симонс

Уште еден фудбалер летово нема да може да патува на фудбалскиот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Холандскиот играч од средниот ред, Чави Симонс, објави дека ќе го пропушти Светското првенство поради
Go toTop