Божиновска: Енергетската транзиција бара партнерство и заедничка акција

April 27, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на UNECE Resource Management Week 2026, каде имаше свое обраќање пред високи претставници, експерти и креатори на политики од целиот свет.

Во своето обраќање, Божиновска испрати силна порака дека одржливото управување со ресурсите не е избор, туку императив во време на глобални енергетски и климатски предизвици.

„Се наоѓаме во период на длабока и неповратна трансформација на енергетскиот и ресурсниот систем. Предизвиците како климатските промени, енергетската сигурност и економската отпорност се меѓусебно поврзани, но и можностите што произлегуваат од нив можат да бидат двигател на одржлив развој – доколку делуваме заеднички,“ истакна министерката.

Таа нагласи дека Македонија во изминатиот период направила значаен институционален исчекор со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како клучен чекор за зајакнување на стратешкото управување со енергетските и природните ресурси.

„Ова не беше административна, туку стратешка одлука со која енергетиката ја поставивме во срцето на националната политика,“ потенцираше Божиновска.

Министерката посочи дека веќе се реализираат конкретни резултати преку развој на клучни инфраструктурни проекти, како гасното поврзување со Грција и планираната интерконекција со Србија, со што се зајакнува енергетската безбедност и регионалната интеграција.

Паралелно, државата интензивно работи на зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија, особено во соларни и ветерни капацитети, како и на подобрување на енергетската ефикасност. Во рударскиот сектор, фокусот е ставен на одговорно и одржливо искористување на ресурсите, во согласност со меѓународните стандарди.

Во своето обраќање, Божиновска ја нагласи и важноста на мултилатералната соработка, истакнувајќи дека ниту една држава не може самостојно да ги надмине предизвиците на енергетската транзиција.

„Меѓународната соработка не е опција – таа е неопходност. Само преку партнерства, размена на знаење и заеднички политики можеме да обезбедиме одржлива и сигурна иднина,“ порача таа.

Како потврда за активната улога на земјата на меѓународната сцена, министерката потсети дека Македонија беше домаќин на 14-тиот Меѓународен форум за енергија и одржлив развој во Скопје, со што ја зацврсти својата позиција како кредибилен партнер и регионален центар за дијалог.

На крајот, Божиновска упати повик за засилена соработка и побрза акција:

„Имаме знаење, имаме алатки и имаме можност – но потребна е решителност и единство. Одржливоста не е крајна цел, туку процес што бара визија, доследност и партнерство.“

Со учеството на овој значаен меѓународен настан, Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон одржлив развој, енергетска сигурност и активна улога во глобалните процеси за справување со климатските и енергетските предизвици.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аплицирај до 11 мај: Битола со повик за младински проекти

Следно

Салах заврши со Ливерпул, но ќе биде подготвен за Мундијалот

Latest from Blog

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено
Go toTop