ДУИ на состанок, ќе се одлучува за следните чекори – Османи: „Стража на јазикот“ значи одбрана на мултиетничка Северна Македонија

December 9, 2024
1 min read

ДУИ вчера ја започнаа иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд до одржување на седницата за Законот за употреба на јазиците, а денеска се најавува состанок на Централното претседателство на Демократската унија за интеграции каде ќе бидат утврдени следните чекори.

Ова го информираше денеска потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи кој порача дека ќе останат до 11 декември пред Уставниот суд.

„Денеска има состанок на Централното претседателство, има и координација на лидерите од Европскиот фронт каде што ќе се одлучува за следните чекори“, рече Османи и додаде дека повикот за „Стража на јазикот“ значи одбрана на мултиетничка Северна Македонија, бидејќи, како што рече, ова не е само кауза на Албанците.

„Повикот за одбрана на јазикот е до сите, меѓутоа не само на јазикот, туку ова е повик за стража на мултиетничка, демократска и европска Северна Македонија, така што ова не е само кауза на Албанците, овде очекувам секој човек од добра волја, којшто смета дека требаше досега да ги надминеме прашањата кои што се однесуваат на основните права на етничките заедници и да градиме држава и општество кое што цели кон Европската унија, но, за жал, ретроградни сили се обидуваат да не вратат назад, предизвикувајќи го најсветото за граѓаните“, рече Османи.

Според него, Уставниот суд извршува наредби од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која, како што рече, во партиската програма има забрана за етничка припадност.

„Жал ми е што како земја кандидат за членство во Европската унија имаме Уставен суд којшто нарачува партиска програма, знаете дека одлуката да се забрани етничката припадност е пишано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се реализира со наредба на партијата преку Уставен суд“, рече Османи.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

СДСМ: Градоначалникот на Прилеп со пет директори фатени во криминал со превозот на ученици

Следно

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Магла на патниот правец Шипковица – Попова Шапка, видливоста до 40 метри

Latest from Blog

Европскиот шопинг феномен Pepco официјално пристигна во Скопје: Најавени продавници и во Охрид и Струга!

СКОПЈЕ, 18 јуни 2026 – Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за

Општина Битола ги повикува граѓаните на форум за новото уредување на плоштадот

Општина Битола утре, 23 јуни, ќе го одржи вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани предлог-идеите за неговиот иден изглед и уредување.

Камерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез,

САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин

Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите
Go toTop