Ердоган: „Следните два-три месеци се многу важни“

December 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган вчера ја пофали одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но изрази скептицизам во врска со неговата примена, известува Анадолу.

„МКС донесе многу соодветна одлука. Сепак, Нетанјаху никогаш не ги почитувал претходните одлуки, а нема да се придржува ниту на оваа“, рече турскиот претседател Ердоган.

Тој додаде дека оваа одлука „ја означува победата на борбата за честа на земјите што му се спротивставуваат на Израел“.

Ердоган посочи дека светот минува низ многу необичен период и потсети дека администрацијата на Трамп дојде на власт во САД.

„Ќе видиме како ќе се формира новата администрација со Трамп. Во исто време, светот се развива на поинакво место. Поради оваа причина, следните два до три месеци се многу важни за нас. Ги вложуваме сите наши напори, даваме сѐ од себе и испраќаме пораки до светот во согласност со тоа“, рече Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наполи ќе го потпише Данило

Следно

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop