Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници

December 8, 2024
1 min read

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, во областа на воспитанието и образованието, и писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази – во областа на културата и уметноста.

Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот Томислав Османли кој, во обраќањето за значењето на св. Климент Охридски и неговата просветителска дејност, рече дека тој е епископ и едукатор кој ги обединува религиските и секуларните вредности кои траат до денес.

– Тие отрајуваат до денешен ден и со своите историски, лингвистички, културни и педагошки значења и вредности, и такви бездруго ќе траат и во иднина… Луѓето од културата, од уметноста, од образованието и воспитанието, чии личности и дела денес ги чествуваме со оваа највисока државна награда, се најдобрите гаранти за тоа заедничко напредување во и на нашата држава и култура, истакна Османли.

Во име на добитниците на наградата се заблагодари професорката од УКИМ, Маја Бојџиевска, која во својот говор го нагласи нееднаквото вреднување на придонесот на жените во овие области и побара тие да го добијат заслуженото место во општеството.

Наградата им ја посвети на, како што рече, сите невидливи претходнички затоа што таа е единствената жена меѓу вкупно осум добитници што годинава ги добија наградите „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“.

– Зарем навистина мислите дека е тоа реалната слика за постигнувањата на жените во нашата средина? Зарем тоа што мене ми беше делегирана задачата да се заблагодарам со овој говор може делумно или симболички да се покрие суштинскиот придонес на жените во овие општествени полиња?… Тоа, се разбира, мора да се промени – не само со најтешката од сите задачи, онаа што се вика промена на свеста, туку со умни, активни, прогресивни политики, базирани на силна убеденост, базирани на искреност, на градење целосно инклузивен систем на вредности, истакна проф. Бојаџиевска.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ЦУК интервенирал кај надлежни институции да му помогнат на неподвижен и изгладнет човек во село Видовиште

Следно

ДУИ: Ќе останеме ден и ноќ пред Уставен суд да го заштитиме албанскиот јазик, кој сме го добиле со многу труд и крв

Latest from Blog

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски разговори со Канада, користеле лажна реклама

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги прекинува сите трговски разговори на САД со Канада откако владата на најнаселената канадска покраина Онтарио емитуваше реклама во која американскиот претседател Роналд Реган зборува негативно

Невеста за малку ќе загинеше од лустер во салата за венчавки- сватовите шокирани (ВИДЕО)

За среќа, таа се спасила само со мали гребнатини, а истрага за инцидентот е покрената откако таа поднела жалба. Инцидентот се случил во салата за венчавки на авенијата Ататурк во општина Сејхан.
Go toTop