Халеп: Не очекував дека ќе биде толку тешко да се вратам

December 8, 2024
1 min read

Романската тенисерка Симона Халеп зборуваше за тешкотиите со кои се соочува откако се врати на тенисот по деветмесечната суспензија поради допинг.

– Не очекував дека ќе биде толку тешко да се вратам. Мислев дека знам што доживуваат играчите, знаев како треба да тренирам. Но, одеднаш ми стана тешко да се справам со емоциите пред натпреварите. Отсекогаш сум била нервозна пред натпреварите, но сега добивам непријатно чувство во стомакот. Бев летаргична за време на натпреварите. Немаше чекори кон топката или кон аглите. Како мојот мозок да не ги испраќаше вистинските сигнали до моите нозе. Секојдневно излегувам на терен и го правам истото како порано. Но, во натпреварот се се менува. Мојата главна цел е да победам на некои натпревари и да ја вратам самодовербата, изјави Халеп.

По девет месеци дисквалификација, побарав да ми се врати рејтингот затоа што сега разбирам колку е тешко да се чека вајлд-карта. Сфатив дека Советот не сака да ме врати на рејтингот што го имав минатиот јули, а не сака ниту ВТА. Ова навистина ме вознемири, додаде Халеп.

Таа сезонава одигра пет натпревари, од кои само на еден победи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Севиља: Градот на фламенкото, лимоновите дрвја и безвременската архитектура

Следно

ЦУК интервенирал кај надлежни институции да му помогнат на неподвижен и изгладнет човек во село Видовиште

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop