Министрите за надворешни работи на Туркије и Иран разговараа за Сирија во Доха

December 7, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, денес во Доха се сретна со неговиот ирански колега Абас Арагчи на разговори за случувањата во Сирија, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.

Двајцата министри, кои присуствуваат на 22. Форум во Доха, „имаа „конструктивна и обемна средба“ фокусирана на најновите случувања во Сирија, истакнаа изворите.

Разговорите, исто така, послужија како прелиминарна оценка пред состанокот на министрите за надворешни работи во Форматот од Астана, закажан за денес попладне.

Разговорите се случуваат во време кога во Сирија повторно избувнаа судири по период на релативно затишје. Повторните борби меѓу режимските сили и антирежимските групи избувнаа на 27 ноември во руралните подрачја западно од големиот град Алепо, интензивирајќи ги судирите кои трааат речиси 14 години.

Состаноците во Форматот од Астана, во кои се вклучени Туркије, Иран и Русија, имаат за цел да се осврнат на тековната криза и да го олеснат решавањето на долготрајниот сириски конфликт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доха Форум 2024: Итно потребни решенија за проблемите со кои се соочува светот

Следно

МЕРМС: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025

Latest from Blog

Проданоски: Работниците се движечка сила на развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, истакнувајќи дека овој празник е симбол на достоинството, правата и придонесот на работниците

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

13-тиот окружен суд во округот Хилсборо, Флорида, издаде налог за апсење на Талмаџ во март 2025 година, според соопштението за медиумите од Филипинското биро за имиграција (BI) и онлајн записите добиени од

„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)

Нотингем Форест славеше минимално со 1:0 во големото англиско дерби во полуфиналето на Лигата на Европа. Вечерва во еден навистина цврст натпревар, популарните „шумари“ дојдоа до минимална победа благодарение на досудениот пенал
Go toTop