10 фирми добиле тендери од 1 милијарда евра – за 5 години, 5,8 милијарди евра преку јавни набавки

December 6, 2024
1 min read

Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив им припаднале на 50 фирми.

Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра.

Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистирбутери на нафтени деривати итн. На дел од компаниите кои се на листата 50 најголеми добитници на тендери, речиси целиот бизнис им почива на договори за јавни набавки.

Во првите 10 фирми се Марковски Компани Битола, Д-р Пановски, Пуцко Петрол, Алкалоид Конс, Енерџи Деливери Солушнс, Макпетрол, Илинден Струга, Гранит, Македонски телеком и Стентон Градба Битола.

Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за 50-те фирми кои добиле најмногу пари во јавните набавки од 2019-2023 година и отворената база на податоци за нив.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кога ќе се „разбудат“ пратеничките канцеларии за да им служат на граѓаните?

Следно

Минчев: Владата има политичка волја да тргне во долга, тешка и болна реформа во јавната администрација

Latest from Blog

Најмалку пет лица загинаа во пад на воен хеликоптер во Пакистан

Најмалку пет лица загинаа во падот на воен хеликоптер денес во Пакистан, соопштија регионалните власти. Според извештаите, двајца пилоти и тројца техничари ги загубиле животите за време на рутински лет, пренесува АП.

Коњановски: Учениците во Бистрица ќе учат во подобри услови

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето. Тој

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

2 Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11
Go toTop