Кога ќе се „разбудат“ пратеничките канцеларии за да им служат на граѓаните?

December 6, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието Африм Гаши, се обидува да ги разбуди заспаните пратенички канцеларии, во државата, во кои граѓаните треба да бидат пречекани од пратениците за да ги слушнат и решат нивните секојдневни предизвици. Гаши денеска беше во Охрид за да види како течат контактите меѓу пратениците од овој крај и граѓаните. Од таму тој порача дека непосредниот контакт со пратеникот е една од најважните работи во парламентарната демократија,

„Избраниот пратеник, најдобро е да се види со граѓаните, не само во изборни циклуси, туку и во текот на мандатот. Тоа е смисла на постоење на овие канцеларии, секој петок пратенциите да можат да бидат во контакт со граѓаните. Ние како Собрание се обидуваме да не закажуваме седница“, рече Гаши, кој беше придружуван од охридските пратеници, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа.

Пратеничките канцеларии произлегуваат од членот 36 од Законот за Собрание, според кој Собранието, во соработка со единиците на локалната самоуправа, обезбедува соодветни услови за остварување на контактите на пратеникот со граѓаните во неговата изборна единица.

„(2) Секој последен ден во работната недела (петок) се определува како ден за контакти на пратениците со граѓаните и избирачите во изборните единици. (3), Собранието во денот определен во ставот (2) од овој член по правило не одржува пленарни седници, седници на работни тела и активности на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави, освен во итни и неодложни ситуации. “, пишува во став 2 и 3 од член 36.

Собранискиот спикер, најави дека од минатиот петок ја почнал праксата со посетите на канцелариите и дека ќе ја продолжи и во иднина. Засега има отворено 35 пратенички канцеларии, а според податоците на собранискиот сајт треба да бидат отворени вкупно 75 пратенички канцеларии.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возете внимателно- Поради магла намалена видливост до 50 метри кај Буково

Следно

10 фирми добиле тендери од 1 милијарда евра – за 5 години, 5,8 милијарди евра преку јавни набавки

Latest from Blog

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто

ВЛЕН: Намалувањето на царините со САД отвора нова ера на слободна трговија и економски раст

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски

Тудор на клупата на Тотенхем!

ФОТО: Инстаграм “Бомба“ на Островот. Хрватот Игор Тудор ќе стане нов менаџер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, вклучувајќи ги Фабрицио Романо, Давид Орнштајн и Џанлука Ди Марци, потврдија дека Тудор

ВЛЕН го поздрави договорот со САД: Нови можности за раст и инвестиции

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски
Go toTop