Адетокунбо: Ја менувам мојата, сега земам повеќе шутови од полудистанца

December 5, 2024
1 min read

Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, се обидува да ја трансформира својата игра. Како што се приближува до својот 30-ти роденден, напаѓачот се подготвува за подоцнежните фази од неговата кариера.

– На моја возраст сфатив дека за да останам ефективен и да постигнам победи со тимот, треба да ја сменам мојата игра. Јас сум многу ефикасен под обрачите, но ваквата кошарка е премногу контактна, постојано примам удари. Затоа почнувам да шутирам од полудистана. Во ваква игра како никој да не ме допрел. Тоа е неверојатно чувство, навистина ми се допаѓа, па се движам во таа насока. Минатата година мислам дека упатив 39 удари од средна далечина на 73 натпревари. Оваа година веќе се 40 во 16 натпревари. Ја подобрувам прецизноста, се надевам дека во иднина ќе бидам уште попрецизен, изјави грчкиот репрезентативец.

Адетокунбо на мечот со Атланта одигран ноќеска постигна 31 поен, 11 скока и 5 асистенции, реализирајќи 8 од 14 удари од поле.

Милвоки беше поразен (104:119) и ја прекина серијата од седум победи.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Селото на пандите во Кина нуди уникатна можност да се ѕирне во секојдневието на омилените џиновски панди

Следно

Борче Пауновски, пилот на балон: Можност за алтернативен туризам, ја претставувамe земјава на меѓународни натпревари

Latest from Blog

Израелскиот премиер се појави пред судот по петти пат во процесот против него за корупција

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес по петти пат се појави пред судот во Тел Авив за да се брани од обвиненијата за корупција, пренесува Анадолу. Според израелскиот јавен

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е партијата која ја води човекот во чие време живи гореа пациенти во модуларната болница да зборува за жртви во здравство

СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Филипче како министер за здравство, не само што го доведе

Скопје утрово со најзагаден воздух во Европа

Скопје утрово се најде на врвот на листата на најзагадени градови во Европа и на десеттото место во светот, според податоците на платформата IQAir. Индексот на загаденост изнесува 169, што го става
Go toTop