Мирко Илиќ и „Толеранција“ доаѓаат во Скопје

December 4, 2024
1 min read

Мирко Илиќ и „Толеранција“ доаѓаат во Скопје во организација на Види Вака раскажувачко студио, Фондација ИДЕА Југоисточна Европа, поддржани од Bubblewrap Design Studio, Архитектонски факултет, ПроМедиа и New Moment.

Предавање на тема „Дизајн активизам“ ќе се случи на 5-ти декември во 20:30 часот во просториите на Архитектонски факултет, каде ден подоцна, на 6-ти декември во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на постери „Толеранција“.

Проектот „Tolerance“(tolerance-project.org) е најмасовната изложба на постери во светот која досега е видена од преку 600.000 луѓе. Америка, Бразил, Јапонија, Кина, Германија, Словенија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Италија, Хрватска, Португалија…се дел од 40-те земји каде била изложена изложбата во светот. Мирко Илиќ се инспирирал да го започне овој проект по филмскиот фестивал „Куќа на толеранцијата“ во Словенија уште во 2017 година, кога побарал од 28 уметници да направат постер за толеранција, каде единствениот услов е да напишат „толеранција“ на нивниот роден јазик. По овој настан, Илиќ со плакатите го обиколува целиот свет. Секогаш кога проектот за толеранција се појавува во нов град, локалните дизајнери придонесуваат за постојано проширување на каталогот на уметнички дела. Македонскиот дизајнер кој го изработи плакатот на темата толеранција за изложбата во Скопје е Никола Војнов. (www.nikolavojnov.com)

Мирко Илиќ, роден во Босна во 1956 година е познат стрип-уметник и графички дизајнер со седиште во Њујорк. Својата кариера ја започнал во Југославија, каде што станал истакната фигура на загрепскиот Нови Вал движење, дизајнирајќи култни омоти за албуми на бендови како Бијело Дугме и Прљаво Казалиште, како и постер за култниот филм „Ко то тамо пева“. По преселбата во Њујорк во 1986 година, Илиќ илустрирал за Time, The New York Times и The Wall Street Journal, пред да стане уметнички директор на Time International и The New York Times Op-Ed.

Во 1995 година, ја основал Mirko Ilić Corp. (https://mirkoilic.com/) фокусирајќи се на дизајнирање на воведни наслови за филмови, визуелни идентитети на луксузни хотели и ресторани. Неговите дела се дел од колекциите на MoMA, Институтот Смитсонијан и SFMOMA. Илиќ е и креатор на Tolerance Traveling Poster Show, меѓународна изложба која промовира глобално единство.

Во 2023 година, му беше доделена титулата почесен професор на Универзитетот за уметност и дизајн Мохоли-Наѓ во Будимпешта. Преку својата работа, Илиќ продолжува да ја обликува современата дизајн и визуелна култура на глобално ниво.

Линк до проектот:
https://tolerance-project.org/
https://tolerance-project.org/shows

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски-Валандер: Македонско-американските билатерални одбранбени односи се рефлексија на стратешкото партнерство и сојузништво кое постои помеѓу нашите две земји

Следно

Мицкоски утре ќе ја презентира новогодишната потрошувачка кошничка

Latest from Blog

Антонели казнет за судирот со Верстапен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, беше казнет со три места на стартната линија во Силверстоун поради судирот со Макс Верстапен денес. Италијанскиот пилот на Мерцедес го удри Макс во првиот круг

Илјадници луѓе протестираат пред Палатата на правдата во Белград

Протест се одржува доцна попладнево во Белград пред Високото јавно обвинителство (ВЈТ) поради апсење студенти. Сообраќајот е блокиран и во близина на Автокоманда, и населбите Земун и Вождовац и попречено е одвивањето

Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со Борусија Дортмунд

Крилниот напаѓач Џејми Бејну-Гитенс ќе се приклучи на Челси откако е постигнат принципиелен договор со сегашниот клуб Борусија Дортмунд. Бундеслигашот ја потврди веста од нивниот камп во Флорида. Тој ќе им се

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката
Go toTop