Германскиот канцелар ја отфрли можноста за распоредување војници во Украина

December 4, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денес ја отфрли можноста за праќање германски војници во Украина и нагласи дека неговата Влада ќе се воздржи од дејства што би можеле да предизвикаат конфликт меѓу НАТО и Русија, јавува Анадолу.

„Не доаѓа предвид да пратиме трупи или германски војници во Украина во моментнава ситуација“, рече Шолц пред пратениците. „Отсекогаш јасно сум го кажувал тоа и тоа останува така.“

Канцеларот го изјави ова за време на парламентарната сесија на прашања и одговори и имаа цел да ја разјаснат позицијата на Берлин откако неодамнешните коментари на министерката за надворешни работи Аналена Баербок доведоа до медиумски шпекулации.

Шолц објасни дека претходните изјави на Баербок за потенцијална мировна улога во Украина, каде што Русија во февруари 2022 година започна војна, очигледно биле погрешно протолкувани од некои медиуми.

„Ја прашаа што би можело да се случи во (идна) мировна фаза, а всушност таа се обиде да одговори на ова без да каже да или не. Затоа што е сосема несоодветно сега да се шпекулира што ќе се случи подоцна во случај на прекин на огнот преку преговори“, рече Шолц.

Германскиот лидер истакна дека политиката на неговата Влада останува непроменета, фокусирајќи се на поддршката на Украина, избегнувајќи секаков вид директна воена конфронтација меѓу НАТО и Русија.

„Ние се согласуваме со министерот за одбрана и министерката за надворешни работи дека мора да направиме сѐ за да осигуриме оваа војна да не стане војна меѓу Русија и НАТО. И затоа за мене не доаѓа предвид праќањето копнени трупи во оваа воена ситуација“, нагласи германскиот канцелар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата со пушки и униформи во ОУ „7 Март“ во Челопек

Следно

Ал-Хелаифи: Сега го имаме најдобриот тренер во светот

Latest from Blog

ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата и апсења на вчерашниот голем протест во Белград

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера беше одржан во Белград, се претвори во бран на инциденти во центарот на главниот гра на Србија, откако демонстранстите се обиделе да се

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Пред турнирот, Србинот даде интервју за „Спортклуб“ во

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад
Go toTop