Најмалку 15 Палестинци се убиени во израелските напади во различни делови на Газа

December 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 15 Палестинци се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши врз различни делови на Појасот Газа, известува Анадолу.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, израелската Армија нападнала училиште на Обединетите нации (ОН) во кое се засолниле Палестинците раселени од бегалскиот камп Бурајџ од градот Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Тројца Палестинци се убиени, а голем број се повредени во израелското бомбардирање на училиштето „Абу Хемисе“, кое дејствува во рамките на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА).

Израелскиот напад предизвикал пожар во училиштето во кој изгореле 15 шатори во кои престојувале палестински семејства.

Медицинските тимови на Рафа, што се наоѓа на југот на Газа, пронашле тела на 9 Палестинци убиени во вчерашното израелско бомбардирање на источниот дел на градот.

Дирекцијата за цивилна одбрана објави дека тројца Палестинци се убиени, а голем број се повредени во израелското бомбардирање на градот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Следно

Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот

Latest from Blog

Божиновска: Снабдувањето со гориво е сигурно и стабилно за граѓаните

Со оглед на зголемувањето на цените на нафтата на светските пазари и ценовниот притисок што го чувствува целиот регион и светот, снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно. Компаниите располагаат со обезбедени

Проданоски: Првата фабрика за селекција на отпад во Македонија ќе преработува до 10 тони на час

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП отвора простор за нови економски мерки

13 март 2026, Скопје – Буџетот е ликвиден. Пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Само интерву“ на

Над 411 милиони денари капитални инвестиции реализирани во Битола

Денеска заседава Советот на Општина Битола каде на дневен ред е и завршната сметка и годишниот извештај на Општина Битола за 2025 година. Во продолжение Ви го пренесуваме интергрално обраќањето на градоначалникот
Go toTop