Уставниот суд на Грузија го отфрли барањето на претседателката за поништување на изборните резултати

December 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Уставниот суд на Грузија денес го отфрли барањето на претседателката Саломе Зурабичвили за поништување на резултатите од спорните парламентарни избори одржани во октомври, јавува Анадолу.

Во одлуката, што беше донесена минатиот петок, но објавена на веб-страницата на судот денес, се вели дека тжбата поднесена од Зурабичвили нема да биде прифатена за „суштинско разгледување“.

Судот отфрли уште една тужба поднесена од 30 опозициски пратеници во врска со изборните резултати, според кои партијата Грузиски сон го освои мнозинството.

Одлуката е конечна и не може да се поднесе жалба, се додава во решението.

Зурабичвили на 19 ноември поднесе тужба до судот за поништување на резултатите од изборите на 26 октомври. Грузиски сон освои мнозинство од 89 места во 150-члениот парламент, откако доби 53,93 отсто од гласовите.

Претставниците на Грузиски сон, вклучително и премиерот Иракли Кобахиџе и почесниот претседател на партијата, Биџина Иванишвили, ги поздравија резултатите.

Но, Зурабичвили рече дека не ги признава резултатите, тврдејќи дека гласањето било нарушено со руско мешање. Опозициските партии ги означија изборите како „украдени“, а имаше и протести против Владата, која ги прекина преговорите за пристап во Европската Унија (ЕУ).

Претседателката сѐ уште не ја коментираше одлуката на судот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски на средба со новата комесарка за проширување на ЕУ, Кос: Подготвеност на Македонија да успее на патот кон ЕУ

Следно

„Храбро срце” со реакција за малиот буџет за трансплантации

Latest from Blog

ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата и апсења на вчерашниот голем протест во Белград

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера беше одржан во Белград, се претвори во бран на инциденти во центарот на главниот гра на Србија, откако демонстранстите се обиделе да се

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Пред турнирот, Србинот даде интервју за „Спортклуб“ во

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад
Go toTop