Обвинителство на „гурање“: По силните критики на Мицкоски и јавноста, Коцевски ги задолжи обвинителите да работат, за промена

December 3, 2024
1 min read

По постојаните и основани критики на власта, особено на премиерот Христијан Мицкоски за тотална неактивност на Обвинителството во полето на криминалот и корупцијата, републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски објави дека ги задолжил сите јавни обвинители итно да стават приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес.

Во соопштението на Јавното обвинителство, во кое се пренесува одлуката на Коцевски, се посочува дека тој сериозно ги прима апелите на извршната власт за зголемување на активноста на истражните органи, а особено на Обвинителство во борбата против корупцијата. Во оваа смисла тој, во рамки на своите надлежности, најавува реорганизација на силите во ЈО која ќе овозможи поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела, особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата.

„На ваквите предмети приоритет ќе се дава и во преземањето на дејствијата од страна на истражните центри на јавните обвинителства, а сите обвинители кои имаат во работа такви предмети се задолжени итно да извршат нивно ажурирање во смисла на проверка на преземените дејствија и на веќе издадените наредби и барања и на пристигнатите одговори од надлежни органи и институции. Доколку по издадени наредби и барања не е пристигнат одговор или соодветни податоци од надлежни институции и органи во законски определениот рок, веднаш ќе бидат испратени ургенции за итно постапување“, се наведува во одлуката на Коцевски која ја пренесува Јавното обвинителство на РМ.

Следствено, Коцевски ги задолжил обвинителите од основните, односно од вишите јавни обвинителства, во рок од 10 работни дена по носењето на Упатството да одржат колегиум со сите обвинители во основните, односно во вишите јавни обвинителства, на кој ќе се разгледуваат обемот на работа на конкретно обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата, подносителите, преземените дејствија и активни издадени наредби, како и предизвиците при постапувањето во таквите предмети.

Обвинителите треба да дадат предлози за надминување на предизвиците со цел поефикасен кривичен прогон.

„За сите овие активности ќе бидат доставени извештаи до Јавниот обвинител на Република  Македонија, а доколку биде констатирано неоправдано одолговлекување на постапките ќе биде извршен вонреден надзор над постапувањето на соодветните јавни обвинители“, наведуваат од ЈОРСМ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разговор Ердоган-Ал Судани: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Следно

ЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

Latest from Blog

Тешка сообраќајна несреќа во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Во сообраќајка во која учествувале камион управуван од Македонец и автомобил со четиричлено семејство од Грција, возачот на автомобилот починал на самото место, а неговиот син подоцна им подлегнал на повредите. Мајката

Град Скопје: Обвинителството ја почна постапката по првата пријава за Општина Чаир

Градот Скопје денеска соопшти дека Обвинителството ја започнало постапката по првата пријава за градби во Општина Чаир. – Основното јавно обвинителство ја започна постапката по првата пријава со фалсификатите. Таму веќе се

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го
Go toTop