Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа надмина 44.500

December 3, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа се убиени уште најмалку 36 Палестинци, со што вкупниот број убиени од минатата година досега достигна 44.502, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека околу 105.454 Палестинци се повредени во нападите.

„Израелските сили убија 36 лица и повредија 96 во два масакра врз семејства во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава во соопштението.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се повикува на итен прекин на огнот, Израел продолжува со својата брутална офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.

Поради израелската офанзива во Газа е раселено речиси целото население на енклавата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стојкова Серафимовска: Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски е одраз на страв и паника на СДС и ДУИ

Следно

Разговор Ердоган-Ал Судани: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Latest from Blog

ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата и апсења на вчерашниот голем протест во Белград

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера беше одржан во Белград, се претвори во бран на инциденти во центарот на главниот гра на Србија, откако демонстранстите се обиделе да се

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Пред турнирот, Србинот даде интервју за „Спортклуб“ во

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад
Go toTop