Во третиот квартал 2 155 купопродажби на станови во вредност од 128 милиони евра, закупите со пад од пет отсто

December 3, 2024
1 min read

Во периодот јули – септември годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 7.491 трансакција, од кои 5.525 купопродажби на недвижности и 1.966 закупи на недвижен имот.

Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот во третиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани е незначително намален, додека бројот на закупи е намален за пет проценти, покажуваат последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижности.

Регистистрираните купопродажби се во вредност од 237 милиони евра,  при што 2.115 се на станови, во вредност од 128 милиони евра, 644 на куќи ( 40 милиони евра), 189 деловни простории (25 милиони евра). Исто така и 1 651 купопродажба на земјоделско земјиште, 15 милиони евра, 630 на градежно земјиште, 18 милиони евра, 178 гаражи, во вкупна вредност од два милиона евра, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.

Кај продажбите на станови во третиот квартал има зголемување во однос на вториот, кога имало 1697 во вредност од 102 милиони евра. 

Во третиот квартал од 2024 година најмногу купопродажби се регистрирани во септември, вкупно 1.923, додека во август се регистрирани најмалку купопродажби, 1.748.

Според Регистарот на АКН, во третиот квартал најмногу закупи се регистрирани во септември, 737, додека во август се регистрирани најмалку, 581. Регистрирани се 743 закупи на стан,  689 на државни парцели, 259 на куќи, 174 на земјоделско земјиште, 46 на индустриски објекти, 28 на градежно земјиште, 17 закупи на гаражи… 

Регистрираните закупи се во вредност од 797 илјади евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември  година, се издадени 296 одобренија за
градење, за 9.2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.  Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (49,3  проценти) се наменети за објекти од високоградба.  Во извештајниот период е предвидена изградба на 755 станови, со вкупна корисна површина од 67 372 метри квадратни.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Генералниот секретар на НАТО: Путин не е заинтересиран за мир

Следно

Ефитмов: Оставката на Дамева е политички фолклор и маневар

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop