Италијанскиот министер за надворешни работи предупреди на нова миграциска криза во Сирија

December 3, 2024
1 min read

РИМ (АА) – Италијанскиот министер за надворешни работи предупреди на нова миграциска криза во Сирија поради повторните борби меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и вооружените опозициски групи во земјата, јавува Анадолу.

„Либан веќе е домаќин на еден милион сириски бегалци. Ризикот е појава на нова миграциска криза како резултат на внатрешниот конфликт што може да трае долго“, изјави Антонио Тајани за новинарите на маргините на Меѓународната конференција за хуманитарна помош за Газа вчера во Каиро.

Тој, исто така, предупреди дека овој конфликт, кој директно влијае врз Либан, може да влијае и врз Европа.

Опозициските сили кои се судрија со режимските сили во изминативе шест дена, постигнаа значителен територијален напредок, преземајќи ја контролата врз регионалниот центар Алепо, како и врз областите јужно од покраината Идлиб кон Хама која е под контрола на режимот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МОН: Децата ни се најважни, инклузијата ја приближуваме до нивните потреби

Следно

Тирана блесна во новогодишно руво

Latest from Blog

Другата недела во вторник, пред пратениците ќе се најде Предлог буџетот за 2025 година

За една недела, во вторник (10. декември) пред пратениците ќе се најде Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневниот ред на 22 собраниската

Што би значело укинувањето на Вториот столб за осигурениците? Одговара Саздов

Дарко Саздов од МАПАС вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што би значело укинувањето на Вториот столб во пензискиот систем. „Дефинитивно ќе направиме поголеми проблеми затоа што веќе имаме големи инвестиции

Мицкоски за две недели повторно на самит во Брисел, ќе продолжел со нови аргументи

По враќањето од Брисел премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека новото раководство на Брисел го запознал со владините аргументи за надминување на спорот со Бугарија. Тој најави дека разговорите ќе продолжат и тоа

Ноќна обиколка низ Богота со божиќен воз

Стотици жители на Богота, главниот град на Колумбија, уживаа во возењето со божиќниот воз Савана во рамките на прославата на празничната сезона, јавува Анадолу. Дизел локомотивата со 14 вагони украсени со прекрасни
Go toTop