ОПЕРСКИОТ ПЕЈАЧ ЃОРЃИ ЦУЦКОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ОХРИДСКО ЛЕТО

December 2, 2024
1 min read

Првенецот на Операта при Националната опе­ра и ба­лет (НОБ), Ѓорѓи Цуцковски, е нов директор на Фестивалот Охрид­ско ле­то, соопштија од  најстарата музичко-сценска маниифестација во земјава. Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Анита Алоска која беше на функцијата в. д. директор измнативе три месеци.

Цуцковски има богата интернационална кариера којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и низ Европа. Тој беше и уметнички директор на Операта и Балетот, како и музички селектор на Охридско лето.

„Охридско лето за мене претставува бисер на македонската култура и на културниот идентитет на Македонија. Со особена чест и задоволство стапувам на позицијата директор на НУ Охридско лето со надеж дека ќе ја продолжиме долгата и богата традиција на успешни и спектакуларни настани, на најголемите светски уметнички имиња и дека Фестивалот ќе продолжи да ја негува богатата традиција од 64 години“, вели директорот Цуцковски.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на училиштето „7- ми Март“ во Челопек, вели дека претставата немала политичка заднина

Следно

Регистарските таблички на државните службени возила ќе бидат со црвена боја

Latest from Blog

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од

ВЛЕН: Дали ДУИ станува антизападна партија?

Коалицијата ВЛЕН остро реагираше на, како што велат, скандалозната изјава на пратеник на ДУИ, со која директно биле навредени стратешките меѓународни партнери на државата – САД и Европската Унија. Од ВЛЕН посочуваат
Go toTop