Бугарската полиција уапси четири лица поради наводна поврзаност со смртта на мигрантите кои беа пронајдени во камион близу Софија

February 17, 2023
1 min read

Меѓу четворицата приведени е и сопственикот на камионот во кој се пренесувале мигрантите. Тој во моментов е на распит во градот Бургас. Во меѓувреме, истражителите ги претресуваат и домовите на приведените, трагајќи по докази за нивно соучесништво во транспортирањето на групата мигранти

Педесетмината мигранти илегално ја преминале границата со соседна Турција и два дена се криеле во шума пред да бидат натоварени во камионот во близина на градот Јамбол во југоисточна Бугарија, информираа истражните власти

Бугарската полиција уапси четири лица кои се наводно поврзани со смртта на осумнаесетте мигранти кои денеска беа пронајдени во напуштен камион во село близу Софија, јавуваат бугарските медиуми.

Меѓу четворицата приведени е и сопственикот на камионот во кој се пренесувале мигрантите. Тој во моментов е на распит во градот Бургас. Во меѓувреме, истражителите ги претресуваат и домовите на приведените, трагајќи по докази за нивно соучесништво во транспортирањето на групата мигранти.

Еден од четворицата приведени, според истражните власти, веќе бил осуден за трговија со луѓе.

„Станува збор за лица за кои имаме доволно основи да веруваме дека се соучесници во делото“,

изјави Атанас Илков, директор на Генералната управа на Националната полиција.

Од камионот во кој се пренесувани мигрантите се земени отпечатоци од прсти и ДНК-траги за да се утврди точно кој управуал со возилото, а со ДНК-преглед ќе се утврди идентитетот на загинатите во камионот, бидејќи повеќето од нив немале документи за идентификација.

„Во моментов работат 10 истражители од Националната истражна служба, обвинители од Обвинителството и вработени во Министерството за внатрешни работи. Зедовме траги, а тоа значи дека ќе дознаеме кој го управувал камионот и кој бил во него. Не се сомневам дека ќе откриеме кои се сторителите на ова злосторство, на оваа канализирачка активност што доведе до смрт на 18 невини луѓе“,

изјави заменик-главниот обвинител и шеф на бугарската Национална истражна агенција Борислав Сарафов.

Сарафов информира дека педесетмината мигранти илегално ја преминале границата со соседна Турција и два дена се криеле во шума пред да бидат натоварени во камионот во близина на градот Јамбол во југоисточна Бугарија. Додаде дека со точност е утврдена трасата на камионот од граничното подрачје до местото каде што бил напуштен.

Бугарското Министерство за внатрешни работи претходно денеска информира дека во напуштен камион во бугарското село Локорско во околината на Софија се пронајдени тела на осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете.

Камионот, кој бугарските медиуми го нарекоа „камион-ковчег“ бил натоварен со 52 мигранти, за кои се знае дека се од Авганистан. Тие биле набиени во засолниште изградено на дното на возилото. Дел од засолништето не било добро изолирано и во него навлегувале издувни гасови од камионот. Се претпоставува причина за смртта кај осумнаесетмината е задушување.

Во несреќата се повредени 34 други лица меѓу кои и пет деца. Тие биле пронајдени влажни и премрзнати, а некои и боси. Според лекарите, во последните денови најверојатно не јаделе и не земале доволно течности. Моментално примаат инфузии.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Акцијата „Безбеден град” нема да престане

Следно

Бројот на загинати во Турција и Сирија се искачи на над 45.000 лица

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop