Подготовки за Бадникови поворки 2025, пештера на Христовото раѓање, креативни работилници и концерти

December 2, 2024
1 min read

Бадниковите поворки и во 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани, ширум земјава и странство. Затоа, ајде сите заедно да ја пренесеме божикната радост во секој град, секое населено место, во секој дом и да го почувствуваме благословот на Христовото Раѓање, порача денеска Здружението „Бадникови поворки“ по повод 15. издание на манифестацијата, што ќе се одвива од мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“.

Најавуваат нова огромна пештера на Христовото Раѓање, која ќе биде уникатен украс на Плоштадот во Скопје, создадена од врвни уметници и волонтери, креативни работилници за децата на кои секое дете ќе може да изработи своја ѕвезда и да ја зачува за следната година, голем Божиќен концерт и драмски претстави за сите возрасти, како и традиционално дарување од градоначалниците, кои ќе ги пречекаат дечињата, како најрадосни предвесници на Христовото Раѓање.

Во Скопје оваа година поворките ќе започнат од пред Музејот на Град Скопје, со движење низ улицата „Македонија“, а ќе завршат на Плоштадот во Скопје, каде ќе се одржи голем концерт.

– Соберете ги вашите најмили – децата, внуците, најмладите ваши соседи – и соодветно подгответе се за најрадосното празнично чекорење. Започнете со учење и повторување на омилената меѓу децата „Вечниот Бог“ и уживајте во заедничките моменти со нив, изработувајќи свои уникатни божиќни ѕвезди, велат од „Бадникови поворки во повикот до родителите и семејствата, истовремено повикувајќи ги сите градови и населени места да се придружат на манифестацијата.

На официјална веб страна на Здружението Бадникови поворки – www.badnikovipovorki.mk може да се најдат најновите информации, детали за настаните, како и начини за приклучување кон поворките. Во подготовка е и делот за донации, каде секој ќе може да ја поддржи мисијата на Здружението.

– Празниците доаѓаат! Да не ја пропуштиме можноста да ја почувствуваме вистинската божиќна радост. Затоа, да ги исполниме нашите срца со љубов и сплотеност и во еден глас сите да запееме „Вечниот Бог слезе и во Дева се всели“, истакнуваат од Здружението „Бадникови поворки“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Верските заедници со порака: „Не потклекнувајте на обидите за нарушување на соживотот, и почитувајте ги државните симболи“

Следно

Главниот обвинител на МКС, Кан: Повеќе докази се собрани во последните 18 месеци отколку во претходните 20 години

Latest from Blog

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во

Турското беспилотно летало АКИНЏИ успешно го заврши тестот со сетот за наведување од домашно производство

ИСТАНБУЛ (АА) – Дронот „Бајрактар ​​Акинџи“, едно од истакнатите турски беспилотни борбени летала, успешно го заврши тестот за гаѓање со комплетот за наведување ТЕБЕР-83 на турската одбранбена компанија „Рокетсан“, објави денес компанијата

И Сиљановска Давкова со честитка до новиот папа!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва упати честитка до новиот папа Лав XIV. „Топло му честитам на Неговата Светост Папата Лав XIV за неговото назначување за водач на Католичката црква и му посакувам

Мицкоски: Изборот на Лав XIV е симбол на ново време на отвореност

Премиерот Христијан Мицкоски, на својот фејсбук-профил, го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата лав четиринаесетти.   – Изборот на неговата светост, папата Лав xiv, прв понтиф со потекло од
Go toTop