Грузиските демонстранти втора ноќ по ред излегоа на улиците по прекинот на преговорите за членство во ЕУ

November 30, 2024
1 min read

Илјадници демонстранти кои протестираа против одлуката на грузиската Влада да ги прекине преговорите за пристапување на земјата со ЕУ се собраа синоќа пред парламентот во главниот град Тбилиси втора ноќ по ред, опкружени со полициски сили.

Претходната ноќ, полицијата употреби водени топови, бибер спреј и солзавец за да ги растера демонстрантите кои излегоа на улиците откако премиерот Иракли Кобахиџе од владејачката партија Грузиски сон најави прекин на преговорите.

Министерството за внатрешни работи на Грусија соопшти дека на протестот се приведени 43 лица.

Демонстрантите вечерва повторно дојдоа пред Собранието, дел од нив удираа по металните капии од зградата. Полицијата за разбирање демонстрации беше распоредена во голем број за да ја заштити зградата, а во близина можеше да се забележи паркиран и воден топ, кој според снимки објавени на социјалните мрежи бил и употребен.

Грузија е во политички превирања од парламентарните избори на 26 октомври, на кои Грузиски сон обезбеди 54 отсто од гласовите, а членовите на опозицијата и западните влади тврдат дека гласањето било нарушено со кршење на законот и руско влијание. Изборите се сметаа за референдум за аспирациите за членство на земјата во ЕУ, а резултатите поттикнаа големи демонстрации и доведоа до бојкот на опозицијата на парламентот.

Опозицијата тврди дека гласањето било наместено под влијание на Русија, која се обидува да ја задржи Грузија под свое влијание.

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, остра критичарка на владејачката партија Грузиски сон, се приклучи на протестот во Тбилиси вчера во знак на солидарност со демонстрантите. Претходно вчера таа и се обрати на нацијата и ја обвини владата дека му објави „војна“ на сопствениот народ.

Грузиската претседателка, која главно има церемонијална улога, рече дека владејачката партија ги наместила изборите со помош на Русија.

Објавата на Владата дека ги суспендира преговорите за пристап во ЕУ до 2028 година и дека нема да прифати финансирање од Брисел дојде неколку часа откако Европскиот парламент ја усвои резолуцијата со која го осудува гласањето минатиот месец, велејќи дека тоа не било ниту слободно, ниту фер и претставува натамошно демократско назадување на земјата за што „целосно е одговорна партијата Грузиски сон“.

Грузија доби статус на кандидат за ЕУ во декември 2023 година, но односите со Брисел се влошија во последниве месеци, почнувајќи со усвојувањето на контроверзниот закон за „странски агенти“, кој критичарите велат дека се заканува јавно да дискредитира илјадници медиуми и граѓански организации.

ЕУ ја суспендираше апликацијата за членство на Грузија на неодредено време во јуни, кога парламентот усвои закон со кој се бара од организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од нивното финансирање од странство да се регистрираат како „да следат интереси на странска сила“, слично на рускиот закон што се користи за дискредитирање на организации кои ја критикуваат владата.

САД во јули соопштија дека ќе суспендираат повеќе од 95 милиони долари помош за грузиската влада, предупредувајќи дека таа назадува во демократијата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Укината забраната за сообраќај за тешки возила на Стража

Следно

Мицкоски: Дадовме шанса, но од државниот јавен обвинител не добивме резултати

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop