Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

November 29, 2024
1 min read

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното соопштение објавено денес, јавува Анадолу.

Врховниот суд на Холандија истакна дека одлуката на Апелациониот суд на 12 февруари, со која беше запрен извозот на делови за Ф-35 поради загриженоста дека Израел ги користи за прекршување на меѓународното право, сега мора да биде одобрена.

Цитирајќи меѓународни договори во кои Холандија е една од страните, државниот обвинител Пол Влас тврди дека извозот на воени материјали треба да се забрани доколку постои јасен ризик од нивна злоупотреба. Одлуката на Врховниот суд се очекува наскоро.

Групите за човекови права, меѓу кои и Оксфам Новиб, ПАКС и Форумот за права, поднесоа тужба против холандската Влада, барајќи од неа да го запре извозот на делови за Ф-35 во Израел.

На 15 декември, холандскиот суд го одби нивното барање со образложение дека владата не е обврзана да ја запре продажбата. Невладините организации поднесоа жалба, и на 22 јануари Апелациониот суд ја укина првичната одлука.

На 12 февруари, Апелациониот суд ѝ наложи на владата да го блокира целиот извоз на делови за авионите Ф-35 во Израел поради стравувањата дека тие се користени за кршење на меѓународното право во Газа.

Во октомври 2023 година, Израел започна брутална офанзива во Газа, во којашто досега се убиени речиси 44.300 луѓе, повеќето жени и деца, а повредени се речиси 105.000.

Минатата недела, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Следно

Видерер: Зголемувањето на 24 репрезентации ќе има позитивен ефект

Latest from Blog

Арсенал не жали пари: Винисиус на „Емирати“ ќе биде најголемиот трансфер во 21. век

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не користи обичен фиксен или мобилен телефон за комуникација со претставници на администрацијата, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, секретар за медиуми на Путин, во разговор со

Лукровски: Карпош е најпогодена од невремето во Скопје, експресно се санирани штетите каде граѓани останаа под ведро небо со откорнати покриви

Општина Карпош беше најпогодена општина од невремето во Скопје, со 250 оштетени автомобили, негде околу 85 или 90 оштетени кровни конструкции на згради, куќи и останати институции, за жал и училишта и

Трамп ги прекина нападите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „ослободи простор“ за преговори, изјави во неделата американскиот амбасадор во Обединетите нации, откако Иран објави дека нема да нападне сè додека
Go toTop