Вучиќ и Курти на 27 февруари повторно ќе седнат на заедничка маса во Брисел

February 17, 2023
1 min read

Предвидено е Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, да имаат одвоени средби со лидерите на Србија и Косово, по што ќе следува заедничката средба

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово ќе се сретнат во Брисел на 27 февруари, соопшти денеска Европската Унија.

Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на која ќе стане збор за предлогот на Унијата за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти на средбата што се одржа на 21 ноември, минатата година/Фото: Архива

Вучиќ и Курти, како што се наведува во соопштението, го потврдиле своето учество на средбата.

Предвидено е Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, да имаат одвоени средби со лидерите на Србија и Косово, по што ќе следува заедничката средба.

„Во понеделник, 27 февруари, високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел ќе свика состанок на високо ниво на дијалогот Белград-Приштина во Брисел. Своето учество го потврдија претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти. Високиот претставник, поддржан од специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе има одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заедничка средба. На средбата ќе стане збор за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“,

се наведува во соопштението на ЕУ.

Ова ќе биде прва средба на лидерите на Косово и Србија годинава по тензиите кои доминираат во односите од летото минатата година, а се одразија и на настаните на терен.

Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа на 21 ноември минатата година. Средбата беше неуспешна, а Борел одговорноста за пропаѓањето на преговорите ја префрли на премиерот на Косово.

Белград и Приштина водат дијалог за нормализација на односите од 2011 година со посредство на Европската Унија, но и двете страни имаат поинаков став во врска со конечниот договор. Додека Приштина инсистира на меѓусебно признавање, Белград бара компромисно решение.

За Белград формирањето на Заедницата на српски општини е клучна точка за продолжување на дијалогот.

Косово и Србија го прифатија предлогот на Европската Унија, кој во јавноста е познат како француско-германски план за нормализација на односите.

Планот, според она што е познато во јавноста, предвидува почитување на територијалниот интегритет, еднакви права, признавање на државните симболи и посебен третман на српската заедница на Косово.

Во документот не се споменува експлицитно меѓусебното признавање на Косово и Србија, како и членството на Косово во Обединетите нации, но од Србија се бара да не се меша во членството на Косово во меѓународните организации.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поставени нови патоказни сообраќајни табли на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“

Следно

ТРАГЕДИЈА: Седумчлено семејство се спаси од земјотресот, настрада во пожар во Турција

Latest from Blog

Приведен полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

На 30.04.2025 во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл.

Со претставата „8%?“ во Тирана заврши „Неделата на македонската култура“

Со претставата „8%?“ во изведба на АТО Центар за современа уметност и култура – Битола, во режија на Јован Ристовски, синоќа во Тирана заврши манифестацијата „Недела на македонската култура“. Претставата “8%?” која

Нема плата и здравствено за вработените во зоолошката како честитка за 1 Мај

На Меѓународниот ден на трудот, вработените во градските јавни установи се соочуваат со понижувачка реалност: немаат ниту плата, ниту здравствено осигурување. „Утре е Први мај – Денот на трудот, а ние вработените

Денот на трудот во Грција ќе се одбележи со традиционални протести

Со протести организирани од најголемите грчки синдикати, традиционално, како и секоја во Грција ќе се одбележи Денот на трудот, јави дописничката на МИА од Атина. Синдикатите на вработените во приватниот и во

Синдикатите во Србија го одбележуваат Први мај во Белград, со студентите на протест и пред Владата

По повод Меѓународниот ден на трудот, синдикатите во Србија организираат собири во Белград на кои ќе ги објават своите барања за измени во трудовото законодавство, а потоа ќе учествуваат на првомајскиот протест
Go toTop