Над 1.300 камери ќе бидат поставени на улиците во Атина за да „ловат“ сообраќајни прекршоци

November 28, 2024
1 min read

Преку безбедносни камери поставени на улиците во областа Атика, поширокиот регион на Атина, ќе се следат и ќе се „ловат“ сообраќајните прекршоци во грчката метропола, а планирано е воведување и на дигитален систем преку кој на возачите кои направиле прекршок ќе им стигнува смс порака на мобилниот телефон, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежните министри за транспорт, за заштита на граѓаните и за дигитално управување на прес-конференција го презентираа владиниот план за поставување камери за зголемена безбедност во сообраќајот и соопштија од следното лето ќе бидат ставени во функција 1.388 безбедносни камери и дигитално ќе ги проверуваат прекршоците во областа Атика, а во иднина ќе бидат поставени и во Солун.

Новите камери дигитално ќе потврдуваат прекршоци за: надминување на дозволената брзина, поминување на црвено, употреба на мобилен телефон, недозволено користење на десната лента, возење возило без осигурување или без важечка картичка за поминат технички преглед.

Дополнително ќе биде воведен и дигитален систем преку кој на возачите кои направиле некој прекршок ќе им стигнува смс порака.

Министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу објасни дека по следното лето системот целосно ќе функционира и „целта е кога ќе се изврши прекршок, тој директно да оди кај возачот“.

– Нашата цел е со имплементирањето на системот кога ќе се направи прекршок, на пример, поминување на црвено, возачот да добие смс порака на мобилен број заведен во контакт регистарот, а во пораката ќе пишува дека се врши проверка за таков или таков прекршок. Ќе пишува дека се врши контрола затоа што прекршувањата треба да ги потврдат полициските органи, посочи Папастрегиу.

Дополнително, како пример ја спомена Република Кипар каде, како што рече, функционираат 110 камери, 90 фиксни и 20 мобилни и дневно се изрекуваат 1.500-2.000 казни. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лампард му се враќа на фудбалот по 18 месеци, ќе води клуб од втора лига

Следно

Јонуз за КУРИР: СДСМ со ваква постава не може ни на мали голчиња да го тепа ВМРО-ДПМНЕ, а камоли на избори

Latest from Blog

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот

СКАНДАЛ ВО ПРЕМИЕР-ЛИГА: ВАР призна дека направил грешка за голот на Халанд!

ФОТО:facebook.com/mancity Судиската комисија во Англија призна дека е направена грешка, откако ВАР го призна победничкиот гол на Ерлинг Халанд за Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед, игнорирајќи го влијанието на офсајд-позицијата на Енцо

Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

 Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно
Go toTop